Денес во Битола се одржа првиот средношколски пленум под отворено небо, пред средното училиште СОЕУ „Јане Сандански“.
![пленум](/images/news/2015/03/20150304-vo-bitola-odrzhan-prviot-srednoshkolski-plenum-1.jpg)
Иако средношколците поднеле барање до директорката на средното училиште, за да се ослободи една просторија за одржување на пленумот, сепак тие биле одбиени со изговор дека пленумот не е регистриран како формална организација.
На пленумот се дискутираше за проблемите во средното образование, и се отворија повеќе теми и суштински проблеми за самото образование. Како што велат студентите, барањата ќе бидат формулирани врз основа на проблемите од дискусијата и тоа во најкраток можен период.
На прашањето дали тие планираат бојкот на наставата, пленумот вели дека се`уште е рано да се дискутира на оваа тема.
Според пленумот, главниот проблем со којшто се соочуваат средношколците е тоа што сите реформи во образованието се во насока на зголемување на тестирањата, а со тоа се зголемува и притисокот којшто го чувствуваат средношколците. Згора на тоа, нитуедна реформа не допира до самиот образовен процес, туку целта се само крајните резултати.