X
 16.03.2015 Образование

Нашата Сара Симоновска одликувана за најдобар студент во САД

Дали името Сара Симоновска ви звучи познато? Се работи за талентирана млада девојка од Македонија која студира и живее во САД.


Таа се образува во САД од средното училиште. Своето средно образование го заврши во едно од најтешките средни музички училишта во светот - „Interlochen“.

Изминатата година, нашата Сара беше добитник на целосна стипендија во вредност од 50.000 долари на Универзитетот во Џексонвил, Флорида. Таа студира ударни инструменти.

Се израдувавме многу кога Сара ни пиша дека одлично и' е на факултет и дека добила диплома за „outstanding student“, односно за еден од најдобрите студенти со најдобри оцени.

Браво, Сара! Продолжи така понатаму!

Ние сме тука за да те поддржиме и да се гордееме.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование