X
 04.03.2016 Технологија

Луди идеи кои би можеле да ја променат електричната енергија

На самитот „ARPA-E“ оваа недела, беа изложени стотици луди идеи за електричната енергија.

 

ideja


„Ова е најдоброто време за иновации за електричната енергија“, изјави поранешниот потпретседател Ал Гор. Тој во својот говор истакна кои енергетски проекти прикажани на самитот ќе ги поддржи владата.

Во текот на 7 годишната програма, „ARPA-E“ има финансирано 475 енергетски проекти со сума од 1.3 милијарди долари. 45 од овие проекти обезбедиле дополнителни 1.25 милијарди долари од приватниот сектор како што се корпоративните инвеститори и капиталистите кои вложуваат. 36 од проектите  формирале нови компании, а 60 од проектите станале партнери со други владини агенции.

Како изгледаат овие енергетски чуда? Ви нудиме неколку идеи кои ако функционираат може да го променат начинот на кој ќе се генерира, складира и користи енергијата.

1. Подлабоки корени на растенијата за борбата против климатските промени

Претстојната програма планира да се фокусира на проекти кои би можеле да ги намалат емисиите на стакленички гасови со користење на растителна генетика, сензори и големи податоци во земјоделието. Директорот на програмтаа Џо Корнелиус е заинетесиран за подобрување на длабоките корени на земјоделските култури со што би можело да им се помогне на растенијата подобро да го користат азотот и да го подобрат севкупниот квалитет на почвата.

2. Материјали од кожа на лигњи


 

Лигњите и октоподите имат кожа која за брзо може да ја промени бојата и моделот кога овие животни се обидуваат да се скријат, да се хранат, да се парат и да се борат против предаторите. Еден проект на „ARPA-E“, кој е всушносто соработка помеѓу Универзитетот на Калифорнија, истражувачите од Ирвин и фитнес брендот „Under Armour“ се обидуваат да пронајдат инспирација и да направат облека и други уреди кои би можеле да загреваат/ладат. Овие материјали би можеле да се користат во зградите или електраните.


Другите проекти бараат начин на кој материјалите би можеле да бидат поадаптивни на температурата и со тоа поефикасни. Продавницата „OtherLab“ работи на материјали кои ја менуваат нивната дебелина на различни температури. Универзитетот Корнел работи на облека која може да ја почувствува температурата на тој што ја носи и да го алармира сензорниот систем на зградата да овозможи греење или ладење кон тоа лице.

3. Турбини на ветер од ткаенина

 

3


„GE“, еден од водечките производители на гигантски турбини на ветер во светот се обидува да открие дали компанијата може да направи турбините на ветер да се од ткаенина. Моментално тие се направени од фибер стакло и тешко е при нивно транспортирање и инсталирање со оглед на големината и тежината.

4. Роботи за подобро одгледување на културите

 

4


Минатата година „ARPA-E“ објави програма за која издвои 30 милиони долари за неколку проекти што користат роботи кои им помагаат на одгледувачите подобро да ги одгледуваат културите. Историски гледано, најголем дел од истражувањата направени околу генетиката за култури се направени рачно од самите истражувачи кои одат низ полињата и ги мерат карактеристиките на растението. Но, научниците од Пурдју Универзитет и лабораториите од северозападниот дел на Пацификот создаваат автоматски роботи и летечки беспилотни летала кои ќе користат сензори за собирање на податоци за карактеирстиките на растенијата.

5. Микроби кои можат да го претворат метанот во гориво

Метанот е главната состојка во природниот гас и научниците работат на начини како метанот ефикасно да го претворат во биогориво. Компанијата „Mogene“ моментално создава бактерија која го зема метанот и користи фотосинтеза за да го претвори во течно гориво. Дестина други проекти исто така работат на претворање на метанот во гориво или друг извор на енергија.

6. 3D печатени автомобили

 

6


Оваа година и минатата година „Local Motors“ прикажа автомобил создаден преку 3D печатење. Наместо обичниот начин на кој се создаваат автомобилите, оваа компанија искористи големпечатар и материјал од измешана пластика и јаглеродни влакна за да испечати 75% од автомобилот. Самиот процес на производство користи помалку енергија, а автомобилот е полесен.

7. Само прилагодувачка морска турбина

Истражувачите на Универзитетот Браун работат на уред кој може да влезе во реките и плимата и осеката и да генерира електрична енергија. Но, за разлика од другите турбини кои се создадени, научниците од „ARPA-E“ програмата додадоа компјутер на уредот кој овозможува да одговори на околината во реално време. Ова би можело да ја направи турбината поефикасна и поспособна за производство на повеќе енергија.

 

8. Ветер на висока надморска височина


„Makani“, компанија која ја поседува „Google“ една од најновите програми на „ARPA-E“. Иако ова не е докажано комерцијално, сепак идејата е дека ветровите се многу посилни повисоко на небото. „Makani“ започна со она што го нарекува енергетско летало на повисока надморска височина.

9. Батерии

„ARPA-E“ потроши милиони долари финансирајќи футуристички проекти за батерии и сензорни системи за батерии. Некои од батериите вклучуваат батерии од магнезиум, батерии кои го користат воздухот како главна состојка и батерии кои користат цврсти полимери, а не течни. Некои од овие типови може да складираат повеќе батерија, поевтини се и произведуваат повеќе електрична енергија.

10. Алги

 

10


Директорот на „ARPA-E“ размислува за создавање на програма за собирање на макро алги. Идејата е да се произведат алги во голем број на економски начин со кој ќе може да се произведе храна, и гориво за ефикасно хранење на населението.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија