X
 22.01.2015 Култура

Ноам Чомски: "Нивниот" тероризам наспроти "нашиот" тероризам

чомски

 

После терористичкиот напад на Шарли Хебдо, во кој загинаа 12 лица, вклучувајќи и уредник и четири карикатуристи, и после убиството на четири Евреи во супермаркет брзо време после нападот, францускиот премиер Мануел Валс прогласи „војна против тероризмот, против џихадизмот, против радикалниот ислам и против се` што е во насока на кршење на браството, слободата и солидарноста“.

 

Имаше многу изјави на бес, а особено остави впечаток онаа на шефот на Лабуристичката партија на Израел и главен противкандидат на претстојните избори, Исак Херцог кој вели: „Тероризмот е тероризам. Не постојат два начини за него“.

Милион луѓе демонстрираат во знак на осуда на злосторствата, под мотото „Јас сум Шарли“.  Злосторствата предизвикаа поплави на коментари, кои започнаа да се запрашуваат, од каде потекнуваат корените на овие шокантни напади во исламската култура и како може да се најде начин за спротиставување на овој бран на убиства од исламскиот тероризам без да се жртвуваат нашите вредности. „The New York times“ го опиша нападот како „судир на цивилизациите“, односно „никогаш војна на цивилизациите или меѓу нив, туку војна за цивилизација против групите од другата страна на линијата“.

Сцената во Париз сликовито беше опишана од репортерот Стивен Ерлајнгер како „ден на сирени, хеликоптери во воздух, билтени со избезумени вести; полициски кордони и вознемирен народ; мали деца одведени од училиштата како мерка за безбедност. Беше ден како претходните два, со крв и ужас во и надвор од Париз“.

Ерлајнгер исто така ја цитираше изјавата на еден преживеан новинар кој изјавил: „Се` се урна. Немаше излез. Имаше чад насекаде. Беше ужасно. Луѓето врескаа. Беше кошмар“.

Меѓутоа изјавата не беше од јануари 2015 година, туку од 24 април 1999 година, изјава што доби многу помало внимание. Тогаш Ерлајнгер известуваше за „ракетниот напад на седиштето на српската државна телевизија“, во која загинаа 16 новинари.

„НАТО и американските официјални лица го бранеа нападот, како обид да го поткопаат режимот на претседателот Слободан Милошевиќ“, пишува Ерлајнгер. „Портпаролот на Пентагон, Кене Бејкон изјави на брифингот во Вашингтон дека спрската телевизија е дел од машината за убивање на Милошевиќ, исто колку што е дел неговата војска.

Тогаш немаше демонстрации или извици на бес, немаше скандирање „Ние сме РТВ“, немаше истрага за корените на нападот врз христијанската култура и историја. Напротив, нападот на телевизијата беше пофален. Високо почитуваниот американски дипломат Ричард Холбрук, тогашен дипломатски претставник во Југославија, го опиша успешниот напад како „неверојатно важен и позитивен развој на настаните“.

Постојат многу други настани за кои нема истрага во западната култура и историја - на пример, најлошото терористичко злосторство во Европа во последните неколку години - во јули 2011 година, кога Андрес Брејвик, уби 77 луѓе, повеќето тинејџери.

Исто така, не смее а да не се спомене и глобалната кампања на Барак Обама која не претставува ништо друго туку терористички напад - убиствата на 50 цивили, наводно убиени во бомбашки напад предводен од Америка во Сирија, во декември, случај што едвај го имаше во вестите.

Споредбата меѓу овие случаи ни помага да ја разбереме осудата на адвокатот за човекови права Флојд Абрамс, познат по неговата одбрана на слободата на изразување. „Постојат моменти на воздржаност, но во пресрет на најопасните напади врз новинарството, ова е причина за слободно изразување и ангажирање во изразувањето“, вели тој.

Кога веќе зборуваме за игнорирање, игнорирано беше и убиството на три новинари во Латинска Америка во декември. Исто така, повеќе од 10 новинари биле убиени во Хондуарс во воениот удар во 2009 година - но, според повеќето официјални лица и весници, нитуедно од овие убиства не беше напад врз слободата на печатот.

Не е тешко да се елаборира. Овие неколку примери илустрираат општ принцип кој може да се забележи со посветеност и доследност: колку повеќе можеме да ги обвинуваме кривичните дела на непријателите, толку е поголем гневот; толку е поголема нашата одговорност за кривични дела - колку повеќе можеме да направиме за да ставиме крај, толку е помала загриженоста, тенденцијата кон заборав и негирањето.

Спротивно на елоквентните соопштенија, ова не е случај: „Тероризмот е тероризам. Нема два начини за него“. Дефинитивно постојат два начини за тоа: нивниот наспроти нашиот. И тоа не е само тероризмот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура