X
 24.04.2015 Образование

Компаниите ги бараат најквалитетните студенти


 
Во која компанија има потреба од нови вработени? Како може да се стаса до работно место? На овие прашања, студентите имаат можност да најдат одговори на различните отворени денови што се организираат на факултетите, на деновите на образование и кариера, на саемите за вработување и кариера ... Но, дали и колку самите факултетски односно универзитетски раководства им помагаат на младите да најдат работа?

Некои декани со кои поразговаравме велат дека во денешно време мора сериозно да се работи на тоа да им се помогне на студентите да се вклучат полесно на пазарот на труд, затоа што тоа е добро за имиџот на секоја високообразовна институција. Врска меѓу факултетот и бизнис-заедницата се центрите за кариера, кои за жал, ги нема на секој факултет и универзитет.

Проф. д-р Борче Давитковски, деканот во оставка на Правен факултет „Јустинијан Први” вели дека задолжителната пракса која мора да се реализира всушност многу им помага на студентите да ги запознаат луѓето во институциите и работата која ќе треба да ја работат во иднина.

- Имаме Центар за кариера кој всушност се грижи за вработувања, но според мене, клучно за вработување е претходно реализираната пракса во некоја институција. Сите студенти нели според закон, мора да одат на пракса, а тука спаѓаат и магистрантите. Ги праќаме во Управен суд, во државни заводи, во Телеком и во други институции и компании. Кој ќе се покаже како добар работник таму, го примаат и на работа откако ќе дипломира. Има повеќе од 50 институции и фирми со кои имаме потпишано договори за соработка во однос на пракси - информира Давитковски.

Неговиот колега од Земјоделскиот факултет, проф. д-р Драги Димитровски, тврди дека расте бројот на компаниите кои бараат дипломирани студенти за работа токму од овој факултет.

- Тие нормално, бараат квалитетни студенти. Имаме многу успешни примери кога сме помогнале наши млади дипломци да најдат работа. Компаниите, зависно од нивната дејност бараат кадар, на пример, има побарувачка за фитомедицинари, технолози, дипломци од лозарство и винарство. Имаме и кариерен центар кој посредува за работа, а обавува и пракси - вели Димитровски.

Очигледно е дека на помалите универзитети им е полесно да им помогнат при вработување на своите студенти, одошто на поголемите. Така, во Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје (УТМС) информираат дека успеваат речиси на сите да им најдат работа откако ќе дипломираат.

- Работат зависно на кој факултет завршиле, во хотели, во банки, во ЕВН, Телеком, маркетинг агенции, претпријатија за консалтинг. Некои студенти ги земаат на работа уште пред да диполомираат. Ние сме помал универзитет па сигурно затоа ни е полесно да им помогнеме на студентите полесно да се вклучат на пазарот на труд - велат во УТМС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование