X
 26.04.2015 Образование

Бесплатен интернет за хрватските ученици, студенти и професори

Учениците, студентите и професорите во Хрватска имаат пристап до бесплатен интернет низ земјата. Тоа е овозможено преку академската мрежа „Едуроам“, која е наменета за учениците, студентите, професорите и истражувачите во делови од светот.


„Едуроам“ е осмислена за да им ја олесни мобилноста на членовите на академската заедница. Моментално има повеќе од 13.000 места во светот каде корисниците може да се вклучат на интернет бесплатно. Сè што им е потребно се корисничкото име и лозинката, кои ги добиваат од училиштето или факултетот.

Во пресрет на Европските универзитетски игри кои ќе се одржат во 2016 година во Загреб и Ријека, градот Ријека стана еден од малкубројните европски градови кои ја нудат услугата „Едуроам“.

Преку таа услуга, градот им нуди можност за безжичен пристап до бесплатен интернет на своите ученици, наставници, студенти, професори и научници. Низ градот има дури 41 локација каде има пристап до овој интернет.

Покрај Ријека, во Хрватска услугата се нуди во Загреб и Чаковец. Низ светот во проектот се вклучени уште 24 земји.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование