X
 23.05.2022 Образование

Онлајн-наставата достигна ново ниво: Шангајските студенти ќе полагаат часови по пливање преку интернет

Универзитетот во Шангај стана предмет на потсмев кога беше објавено дека испитот по пливање ќе се одржи онлајн. Тестот по пливање од 50 метри е задолжителен за учениците во Кина бидејќи пливањето се смета за неопходна вештина и благотворно влијае врз физичкото здравје.

За пристап до тестот, студентите треба да се логираат на веб-страницата на универзитетот и да пополнат онлајн-прашалник. Универзитетот соопшти дека онлајн-тестот за пливање е единствениот начин студентите да ја исполнат својата обврска да полагаат, имајќи предвид дека наставата во моментов се одржува целосно онлајн и не може да се пристапи до просториите на универзитетот.

Одлуката на универзитетот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Повеќе од 65.000 корисници на социјалната мрежа „Веибо“ ја коментираа објавата на Универзитетот во Шангај, главно исмејувајќи ја.

„Дали е ова вистинската верзија на сурфање на интернет?“, „Дали можам да пливам дома во када?“ - се само дел од коментарите кои се шегуваат со ситуацијата.

Некои студенти одлучија да бидат креативни и да покажат како треба да изгледа еден тест за пливање дома. Еден корисник на „Тик-ток“ се подготви со капа и очила за нуркање, па се сними како скока од масичката на креветот, а потоа имитира пливање на креветот.

Најголемиот кинески град Шангај моментално се бори со нов бран на ковид. Повеќе од 25 милиони луѓе се соочуваат со ново заклучување што почна на 1 април. На почетокот на неделата беа пријавени 69 новозаразени и над 800 асимптоматски случаи.

Извор: Scmp.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование