X
 08.05.2015 Образование

Запознајте го УКИМ



Промотивниот настан "ОТВОРЕН ДЕН – ЗАПОЗНАТЕ ГО УКИМ" ќе се одржи денес на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ Скопје со почеток од 10:00 до 17:00 часот. Централниот настан е предвиден на платото на универзитетскиот кампус.

Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и со студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, со нејзината долга традиција, со нејзините мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот, а учениците ќе можат да се информираат за можностите за избор на повеќе од двесте студиски програми и начините на студирање.

Покрај другите активности предвидени се наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Дани Димитровска на платото на Универзитетот во периодот од 10 до 15 часот.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на последипломските и докторските студии на Универзитетот. Се надеваме дека на сите посетители ќе можеме да им ја пренесеме нашата цврста верба во образованието како единствена основа за напредок и влез на секој млад човек во подобра иднина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование