X
 12.05.2015 Образование

Објавена важна промена во програмата "Erasmus +"

Резултатите од натпреварувањето за студентските размени веќе беа објавени, а оние кои добиле стипендии веројатно веќе започнале да се пакуваат за незаборавно патување веќе од следната академска година.



Меѓутоа, сите кои се подготвуваат за студирање во странство мора да бидат внимателни бидејќи кон средината на месецов ќе биде објавен нов образец за „Договорот за учење“ со кој се обезбедува квалитетно образование на сите учесници во програмата „Еразмус плус“.

Со новиот документ се обезбедува транспарентна и ефикасна подготовка за студирање во странство. Сепак, оние кои поради роковите на пријавување мора да го предадат својот договор може да го користат стариот образец, кој веќе е достапен на универзитетите преку кои се заминува на студии во странство.

Договорот за учење го потпишуваат студентот, матичниот факултет и странскиот универзитет, а пред потпишувањето, студентот е должен да ги провери и детално да се договори според правилата со ЕКСТ координаторот и менторот бидејќи признавањето испити се врши според Правилникот за меѓународна мобилност, но за начинот на признавање одлучува факултетот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование