X
 12.05.2015 Образование

Жарко Димитриоски од "Еден на Еден" предаваше на ФИНКИ

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Предавање за меките вештини


Денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, под менторство на професор Владмир Трајковиќ, се одржа предавање за таканаречените меки вештини, под кои се подразбира лидерство, емоционална интелигенција, комуникација и менаџирање како дел од едукацијата на успешни компјутерски стручњаци. Специјален гостин на предавањето беше Жарко Димитриоски, водител и медиумска личност, автор и продуцент на емисијата ,,Еден на еден”.
Настанот го следеа околу 100 студенти од сите години на Факултетот.

,,Ми се чини дека денес допревме парче среќа, а тоа се гледаше од лицата на колегите и од атмосферата во предавалната! Се надевам дека многу работи што ги слушнавме ќе ни бидат од корист во нашите идни кариери ” , изјави Марија Миневска, која, заедно со Ива Здравковска, Кристијан Георгиевски и Богомил Марков, беше дел од тимот за организација на настанот.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование