X
 15.05.2015 Технологија

Фејсбук пристигнува на Балканот

Загрепската фирма која е застапник на производите на „Емерсон“ гради нов центар за податоци за „Фејсбук“, кој ќе биде меѓу трите најголеми центри за податоци во Европа и единствен кој го има компанијата надвор од САД.


Се работи за модуларен центар за податоци создаден со технологија која вклучува чување по делови, слично како коцки. Производителот на тие коцки, односно специјални уреди за чување опремени со напојување и ладење, како и дополнителната технологија, е загрепскиот застапник на „Емерсон електрик“.

Компанијата започнала да работи како дел од компанијата „Никола Тесла“, а во 2000 година станале дел од компанијата „Емерсон Електрик“. Лука Гашпар, директор на компанијата, потврдил дека работат за „Фејсбук“.

- Хрватска е светски центар за технологија на модуларни центри на податоци во рамки на „Емерсон“, а ние сме најголем таков играч на светот и работиме насекаде, изјавува Гашпар.

Компанијата ги произведува овие податочни центри и ги тестира, а потоа ги подготвува за извоз во Шведска. Новиот центар на „Фејсбук“ ќе биде клучно место за чување и зголемување на податоците на сите корисници од Европа, блискиот исток и Африка. Тоа се повеќе од 800 милиони корисници.

Центарот ќе се простира на површина од 30.000 квадрати.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија