X
 15.05.2015 Технологија

Компјутер направен само за луѓето во сиромашните земји

Користи телевизор наместо монитор, а апликациите работат без оглед на интернет-сигналот.


Претприемачот Мат Далио започнал да работи на овој компјутер пред три години. Идејата ја добил додека бил во Индија, кадешто голем дел од средната класа имала проблем. Иако речиси сите семејства имале телевизор, ретко кој имал доволно пари за компјутер. Неговото решение е „Endless“, компјутер кој наместо монитор користи телевизор, а чини само 169 долари.

Компјутерот доаѓа со 150 апликации, од здравствени до земјоделски, и ги нуди сите можности како и стандардниот персонален компјутер. Апликациите работат и кога компјутерот не е приклучен на интернет, така што непостојаните интернет-врски не би требало да претставуваат проблем.

Компјутерот е доволно едноставен за да може да го користи секој, дури и оние што досега не користеле ваква технологија. Освен тоа, со него децата во земјата во развој би имале полесен пристап до компјутер.

Далио смета дека „Endless“ прецизно цели кон новата средна класа. Тој веќе бил тестиран на домаќинки од Гватемала кои живеат од продажба на храна, мексикански фармери и индиски возачи. Проектот ќе се финансира со донации и продажба.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија