X
 04.06.2015 Култура

Вториот прирачник "Tip of the week" промовиран пред јавноста

Денес, во жешка и тивка атмосфера на мошне креативен начин, тимот од „Македонија експорт“ задолжен за составување на прирачникот „Tip of the week“ го промовираа второто издание со нови текстови.


Можеби ги знаете оние совети кои излегуваат секој четврток на официјалната фан-страница на „Фејсбук“, но и на многу други медиуми. 30.000 луѓе ги добиваат овие текстови директно во своето електронско сандаче токму тој ден во неделата. Текстовите се од повеќе различни теми, но сите се еднакво инспиративни и мотивирачки за читателот.

Промоцијата на вториот прирачник беше за пофалба. Креативниот тим го претстави новото издание преку интерактивна забавна меѓусебна комуникација и симулација професионална задача. Целта беше да се илустрира како е кога се работи „5 до 12“ и ние да не чекаме да направиме било што до последниот момент, туку да бидеме активни постојано.

Од денес, секој може да го купи или порача вториот прирачник „Tip of the week“ со симболична цена од 150 денари.

Погледнете како изгледаше сето тоа во галеријата.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура