X
 13.07.2015 Култура

Најголемите логички грешки во "Game of thrones"

5 сезона од „Game of thrones“ беше далеку поразлична од серијата на книги „Песна за мразот и огнот“. Поради ова, самата серија донесе неколку сомнителни одлуки.

 

грешки

 


Јавното погубување од Денерис - Денерис го фаќа Синот на Харпиите кој уби Унсулид. Таа одбива да го убие без судење, што има смисла, бидејќи не е луда. Но, еден ед нејзините советници не се согласува со нејзината одлука и самиот го убива обвинетиот, такашто очигледно него му следува судење, нели? Погрешно! Денерис наместо тоа врши јавно погубување оставајќи ги сите во градот луит. Сцената немаше никаква смисла и во основа покажа дека Денерис е ужасен лидер, што и не беше целта на продуцентите.

Спасувачката мисија на Џејми
- Џејми и Брон мислат дека на сред бел ден е совршеното време за нивното нелегално спасување на Марсела. Во случај да тоа не беше доволно глупаво за вас, песочните змии веруваа дека ова е совршеното време да ја убијат принцезата. На средината на денот, со чист поглед кон палатата. Самата идеја дека било кој би помислил дека ова ќе биде добро време и место за ваква чувствителна мисија е смешна, но фактот дека две одделни групи во исто време ќе дејствуваат е повеќе од глупава.

20-те добри луѓе на Рамзи - Станис се смета за еден од најдобрите воени команданти во цело Вестерос, со можеби најдобрата армија. И тој е апсолутно уништен од „20-те добри луѓе“ на Рамзи. Како никој од војската не можеше да ги ги забележи луѓето на Рамзи? Дали тоа значи дека тие се невидливи? Зголемувањето на недопирливоста на Болтонс е една од најпознатите нереални и фрустрирачки работи во врска со серијата, и се плашиме дека ќе биде многу полошо пред да стане подобро.

Станис ја убива единствената наследничка

- Во случај како да не беше доволно што Станис ја сакаше неговата ќерка повеќе од било кој, и никогаш не би дозволил некој да ја повреди, таа и беше неговиот единствен наследник и единствената шанса линијата на Баратион да преживее, што е доста важно. Сепак, овој факт воопшто не беше споменат. Огромен недостаток на логика.


Скокот на Тион и Санса - Тион конечно се освести и одлучи да ја спаси Санса. И време беше. Најпрво ја турка Миранда од ѕидот на Винтерфел, а потоа тој и Санса бегаат скокајќи од истиот ѕид?! Не беа сведоци на она што и` се случи ан Миранда? Она што серијата можеше да направи е да покаже снег или нешто под нив за да го ублажи падот бидејќи не постои друг начин кој нивниот скок ќе направи да има смисла.

 

2


Убиството на Мирсела - Еларија и песочните змии конечно успеаја. Тие ја убија Мирсела; одлично. Но, единствениот проблем е дека чекаа Ланистер да ги фатат Тритејн, кој е единствениот наследник на Мартел. Не размислија за тоа? Сфаќаме дека сакаа одмазда но сигурно одмаздата не беше вредна за ризикување на иднината на Дорн, да не споменуваме сопственото семејство.

Денерис го фрла прстенот - Денерис гледа дека и` се приближува група на Дотраки. Што прави таа? Го фрла прстенот. Идејата дека некој ќе го пронајде прстенот и прстенот ќе се поврзе со Денерис е повеќе од очекувана, но она што е глупаво е дека ќе се случи во следната сезона.

Варис се појавува во Мерин - Варис едноставно се појавува во Мерин? Можеме да поверуваме дека тој открил дека Тирион бил таму преку неговите шпиони, но како стигнал до палатата? Како успеал да стигне до личноста која седи до кралот? Дали палатата не ја чуваат? Глупаво!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура