X
 14.08.2015 Здравје

Како негативните чувства предизвикуваат болка во специфични делови од телото?

За духовната поврзаност меѓу умот и телото се зборува и пишува одамна. „Lifehack“ подготвија одличен инфографик за оваа врска.


Имено, врската меѓу умот и телото оди во две насоки. Исто како што умот може да го излечи телото, умот може да биде и извор на болка и болест.

Ова најчесто се случува кога е присутен стресот, но истражувањата покажуваат дека има врски и меѓу нашите чувства, особено негативните и болката во специфични делови од телото. Со други зборови, според местото на болката на телото може да се дознае повеќе за изворот на истата болка во умот.

Така, според информациите дадени во графиконот, болката во вратот може да биде предизвикана од нефлексибилност и инаетливост, додека болката во рамениците ја претставува неспособноста за уживање во искуствата.

Болката во горниот дел од 'рбетот може да значи недостаток од љубов, додека долниот дел е поврзан со финансиите. Болката во колкот може да покажува страв од големи одлуки, додека колениците може да бидат знак за неспособност за поврзување и страв.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје