X
 21.08.2015 Образование

Корисни алатки за учење на интернет

Интернетот е полн со интернет-страници кои се создадени за да ви помогнат. Време е да ги искористите во своја полза. Во продолжение следуваат некои алатки кои ќе ви помогнат за учење и истражување на интернет.


„Ice Cream Apps“

Се работи за бесплатни програми со кои може да извршите некои основни функции, како претворање документи во повеќе формати, читачи за електронски изданија, снимање на екранот итн.

„Paste Bin“

Ова е алатка каква што претпоставувате дека е според името - место кадешто може да копирате текст и да го зачувате или споделите.

„OverDrive“

На некој начин, ова е глобална јавна библиотека за дигитални книги, аудио книги и видеа. Во колекцијата има повеќе од 2 милиони наслови.

„iRuler“

Треба да измерите нешто? Користете ја апликацијата на вашиот телефон или таблет.

„Coursera“

Учебниците понекогаш не се доволни за да се совлада материјалот. За подобро разбирање, разгледајте ги курсевите на оваа бесплатна платформа.

„HippoCampus“

Создадена за учениците и студентите од сите нивоа, оваа алатка нуди материјали кои ќе ви помогнат во учењето на повеќе предмети.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование