X
 24.08.2015 Образование

Новите студенти денес се запишуваат на факултет


Почетокот на новиот семестар е за помалку од еден месец. Поголемиот дел од оние на кои овој семестар им е прв денес и утре имаат обврска да се запишат на факултетите на кои беа примени. При запишувањето, сите студенти при УКИМ добиваат бесплатен индекс. Освен тоа, на новите студенти им се доделува и студентска легитимација.

За овие документи потребно е да се носат три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm. На факултетот се купуваат и потребните образци и договори, како и уплатниците за таксите кои се потребни за запишување на секој факултет. Трошоците за запишување на секој факултет се разликуваат.

Студентите со овие такси ќе треба и да ја уплатат првата рата од школарината, односно 6.150 денари за оние примени во државна квота и 12.300 денари за студентите со кофинансирање.

Запишувањето на факултетите за студентите примени на првиот уписен рок трае денес (24.08) и утре (25.08).

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование