X
 27.08.2015 Технологија

Ново од Фејсбук! Запознајте го вашиот вештачко интелигентен личен асистент

фб

 

Фејсбук експериментира со новиот личен асистент кој ќе биде дел од „Фејсбук Месинџер“ и ќе може да извршува задачи наместо вас.

 

Асистентот чие име е „М“ може да купува, да резервира хотели и да закажува состаноци од самиот Месинџер. Услугата ќе биде управувана од „вештачка интелигенција која е тренирана и надгледувана од луѓе“, вели Дејвид Маркус, извршниот директор на „Фејсбук Месинџер“. М ќе има способност да препознае разговорни пребарувања и да дејствува од самиот Фејсбук.

„За разлика од другите услуги базирани на вештачка интелигенција, М може да ги направи задачите во ваше име. Може да купува предмети, да доставува подароци, да резервира ресторани, ангажмани туристички аранжмани, состаноци и многу други работи“, вели Маркус.

 

фб


Моментално Фејсбук започнува да ја тестира услугата. Не се знае колку луѓе се тестираат, иако се чини како експериментот да е во релативно рана фаза. Услугата, која е директен конкурент на Сири, која произлегува од „Мајкрософт“, треба уште многу да помине за да се усоврши. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија