X
 28.08.2015 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во петок сончево и топло време со максималните температури кои ќе бидат повисоки од денешните. Слаб ветер претежно од северен и североисточен правец, додека во југоисточните и источните предели ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до 10 односно до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 7.

Во деновите од викендот ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота се очекува и појава на локална облачност. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. Во првите денови од новата седмица ќе продолжи сончевото и потопло време со благ пораст на дневните температури. Во понеделник тие ќе се движат од 29 до 38 степени и ув индекс 8, а во вторник дневните температури ќе се движат во интервалот од 30 до 39 степени и ув индексот со вредност 8.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот