X
 09.12.2020 Образование

УКЛО одржа Еразмус + форум

УКЛО одржа Еразмус + форум на кој се презентирани наодите од Анализата за идентификување на капацитетите на ВОИ за новата финансиска рамка, Еразмус студентска картичка и дигитализација во високо образование.

Форумот беше можност учесниците да се запознаат со новостите во програмата Еразмус+ 2021-2027. На настанот, учество зедоа и активно партиципираа еразмус-координатори и претседатели на студентските собранија на единиците од Универзитетот.
Претходно директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, оствари работна средба со ректoрот, проф. д-р  Сашо Коруновски, при што е нагласена важноста  од размена на информациите и добрите искуства од Еразмус-размените, бидејќи основната цел на Еразмус-размената е студентот да ги сподели не само образовните, туку и културните, социјалните и сите други искуства со своите врсници за зголемување на  интересот на студентите да се вклучат во размена, олеснување на административните процеси и овозможување средствата побрзо да доаѓаат до студентите.

Марко Ѓоргиевски во изјава за медиумите посочи: „Во 2020 година буџетот наменет за високообразовните институции во делот на индивидуални мобилности помеѓу програмски држави изнесува 2.469.660 евра. Вкупниот број на влезни студентски мобилности и пракси, како и наставни наставни ангажмани во РС Македонија преку програмата Еразмус + е повисок за разлика од излезните активности, што ни дава за право да кажеме дека високообразовните институции во државата имаат капацитет да привлечат и странски студенти и професори, а со тоа и дел од европските образовни практики и процеси на еден формален и неформален начин да се пренесат и во РС Македонија.

forum

Нашите студенти и професори најчесто своите Еразмус-мобилности и пракси, како и наставни ангажмани, ги реализираат во Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија, Италија, Шпанија , Португалија и Германија, додека влезни мобилности и наставни ангажмани се од Хрватска, Германија, Полска, Италија, Бугарија, Турција, Литванија и Словенија. Во тековниот период очекуваме да добиеме информација од колегите од ЕАЦЕА (извршната агенција за од образование, аудиовизуелни политики и култура) во врска со добитниците на Еразмус-универзитетски повелби/еразмус-чартери од РС Македонија. Од вкупно 26 високообразовни институции во државата, 24 аплицираа за еразмус-чартери, што ја покажува заложбата на домашните универзитети активно да учествуваат во програмата Еразмус + во периодот што следува. Воедно би сакале да нагласиме дека секоја високообразовна институција од државата треба да има валиден еразмус-чартер и да ги почитува основните постулати од повелбата/чартерот за високо образование за да може активно да учествува во програмата Еразмус+. Искрено се надеваме дека во периодот што следува ќе ја продолжиме соработката со Универзитетот „Св. Климент Охридски“, но и со сите акредитирани високообразовни институции од државата за да ја зајакнеме и надградиме интернационализацијата во високото образование. Очекуваме во следниот период продлабочување на соработката со државите од Европската Унија и државите од Западен Балкан преку почитување на европските и националните приоритети во делот на образованието, обуката и младите“.  

Проф. д-р Марјан Ѓуровски во своето обраќање се осврна кон неколку носечки елементи поврзани со Форумот и напорите за зголемување на студентската мобилност и воедно поголемо искористување на фондовите и фидбекот што ќе го имаат на домашната економија:

- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска е домаќин на директорот на Националната агенција за образовни програми и академска мобилност, Марко Ѓоргиевски, и неговиот тим и особено е значајно што на тој начин придонесуваме кон динамизирање и зголемување на активностите во врска со европските образовни програми.

Сите овие активности што ги отпочнуваме и денешниот разговор се со цел подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и на факултетите, во зголемување и искористување на фондовите што ги нуди Европската Унија, и се во функција на поголема интернационализација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и воедно, на тој начин, зголемување и споделување на искуствата и знаењата.

укло

Ние преку Еразмус+ форумот и друга серија активности очекуваме да се зголемат од почетокот на идната 2021 година, заедно со Националната агенција, за да се стекнат и надградат знаењата околу новите правила и можности што ги нуди Европската Унија и на овој начин, Универзитетот заедно со  Националната агенција отвора еден прозорец кон информации со цел да го пробудиме интересот кај студентите за нивна мобилност во странство на универзитетите на земјите од Европската Унија или, пак, во регионот во посткорона-периодот кој веруваме ќе се случи следната 2021 година.

Особено е значајно и ќе посветиме внимание заедно со Националната агенција во претстојниот период на фокусирање на елементот на искористување на Еразмус-програмите и значењето и фидбекот што ќе го имаат на домашната, локалната економија. Верувам дека и локалните актери, локалната самоуправа и единиците во кои се наоѓаат нашите единици ќе ја препознаат вредноста и на тој начин заедно ќе се поддржуваме.

УКЛО ја препозна потребата од предвремено советување и подготовки заеднички со Националната агенција. Зошто предвремено? Затоа што во претстојниот период ќе дојде до значајно зголемување на Буџетот за европските образовни програми, и тие ќе бидат ставени на располагање за аплицирање да се искористат и од македонскиот високообразовен систем.

Средствата за програмата Еразмус на ниво на Европската Унија се зголемуваат, затоа што Европскиот парламент инсистира на уште повеќе средства, а тоа значи дека заедно со Националната агенција и Европската Унија ќе бидеме исправени пред еден огромен предизвик: како соодветно да се искористат средствата што стојат на располагање за проекти со кои значајно ќе придонесеме кон развојот на земјата, регионот, ЕУ, науката и образованието. Значи, станува збор за финансиски средства што ќе бидат ставени на располагање на образованието, а дали ќе бидат искористени, зависи од нас. Во Македонија, за жал, овие средства кои и досега ги имавме не беа добро искористени, една од причините беше капацитетот кој не е доволно голем. Форумот е во функција на градење на капацитетите на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ како дел од мрежата на државни универзитети во државата за да ги зголемиме апсорпциските капацитет за да можеме од следната 2021 година да ги искористиме благовремено средствата преку Еразмус+ програмата.

Еразмус + форум се одржа во организација на УКЛО и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование