X
 21.09.2015 Технологија

Одлични алтернативи за Скајп

Комуникацијата на популарната апликација Skype денес е оневозможена. На страната на Skype стои објаснувањето: „Денес сме преоптеретени. Ве молиме обидете се подоцна“.

 

skajp

 

Службата за поддршка соопшти дека знаат за проблемот кој се појави и работат на негово отстранување.

Како што сите знаеме, комуникацијата преку Skype има витално значење за бизнисите и потрошувачите. Овие дигитални алатки ви овозможуваат да останете поврзани, а Skype е едно од најпопуларните места во светот.

Со околу 300 милиони корисници, Skype им овозможува на членовите на семејството да останат во контакт, врските на далечина да траат и бизнисите да ја зајакнат нивната глобална врска, меѓутоа Skype не е единствената алатка. Постојат и други алтернативи кои можат да го заменат Skype, а нудат големи можности, слични како оние на Skype.

Viber

Слично како Skype, апликацијата Viber е една од доста познатите апликации која е бесплатна и нуди широк спектар на функции, со што голем број луѓе тврдат дека моментално  нуди најдобра услуга на видео пораки. Може да работи на различни оперативни системи вклучувајќи Android, iOS, Windows Phone, BlackBerry, Windows 10 и Mac, а располага со аудио и видео повици како и IM. Малку е фрустрирачки што Viber мора да биде отворен за да добиете повик, меѓутоа ова не го спречи да стане доста популарен.

WeChat

Од Кина доаѓа WeChat и е веќе доста популарна во својата родна земја, а сега е на пат да стане позната и на меѓународно ниво. Апликацијата комбинира текст, Facebook, Twitter, Instagram и Skype во едно. Аудио разговор, видео разговор и групни разговори како и споделување на емот икони - сите се достапни заедно со уште некои уникатни карактеристики. Така на пример, Shake, им овозможува на корисниците да пронајдат некој во близина за разговор, додека Drift Bottle ви овозможува да оставите порака да „лебди“ се` додека некој не ја пронајде.

Google Hangouts


Со комбинирање на Google Voice и Google Chat, оваа апликација има сериозен потенцијал да ја загрози позицијата на Skype како доминантен сервис за видео пораки. Особено во сферата на бизнисот, може да се најдат доста корисни опции за видео конференции, меѓу кои постои и опција сите останати учесници да бидат ставени на mute, а еден да разговара. Апликацијата се`уште не е толку популарна колку што Google би сакал да биде, но сервисот има што да понуди.

ICQ

ICQ може е најстариот сервис за дигитална комуникација во светот - бил лансиран во 1996 година. Сервисот доаѓа со бесплатни инстант пораки и „one-click“ видео повици, како и способноста да се споделуваат пораки. Исто така, корисниците добиваат уникатен идентификациски број, што е одлична можност доколку не сакате да го споделите вашиот вистински идентитет или меил адрес со оние со кои зборувате. Нема некој естетски префинет кориснички интерфејс, но има се` што ви е потребно од еден сервис за пораки.

Firefox

Firefox е наменет не само за пребарување на интернетот - со правилните додатоци може да биде одлична замена за Skype. Постојат различни VolP додатоци кои можат да бидат преземени, кои ви овозможуваат да се јавувате на броеви вградени во веб страните. Исто така, Firefox Hello опцијата ви нуди едноставен начин за видео повици без да мора да преземате дополнителен софтвер. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија