X
 23.09.2015 Образование

Цели 40 отсто од младите сакаат да работат во администрација



"Факултети.мк" ги анкетираше младите, за тоа што сакаат да работат откако ќе завршат со своето образование. 40 отсто од нив е изјаснија дека сакаат да работат во државна администрација поради тоа што тие работни места ги гледаат какo најсигурни на долг рок. Во анкетата учествуваа вкупно 1.230 испитаници, во периодот од 17-ти до 22-ри септември.

- Сакам да станам магистер на науки, па според тоа, платата во државна администрација ќе ми биде солидна. Би добил решение на неопределено време и не би морал да се грижам за иднината. Има и можности за напредување на работното место. Приватниот сектор никогаш не ме интересирал бидејќи таму ништо не е сигурно - вели Бојан Т., магистрант на студии за јавна администрација.

И Марија Андреевска, студент на правни студии на еден државен универзитет вели дека поради истите причини, се гледа себе во иднина во државната или јавна администрација.

- Најголема сигурност се нуди таму. Во приватна фирма можеби платата ќе ми биде поголема, но не и сигурна - вели Марија.

Со нив не се согласува Дејан Р., кој смета дека професионален и кариерен развој може да се постигне исклучиво во приватниот сектор.

- Не можам да се замислам себе, животот да го поминам во некоја канцеларија, удирајќи печати во некоја институција. Поголеми шанси за себеизразување и искористување на личниот потенцијал има токму во приватниот сектор - смета Дејан.

Позитивно е тоа што процентот за работа во јавна администрација во споредба со резултатите од анкетата пред две години е во опаѓање. На анкетата пред две години дознавме дека 48% од анкетираните Македонци сакаат да работат во државна администрација. Од друга страна, 52% од нив изјавиле дека сакаат да работат за приватна компанија.

Целосните резултати од анкетата погледнете ги на ОВОЈ ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование