X
 29.09.2015 Образование

Германија со широко отворени врати за македонските студенти

Германија стана популарна дестинација за странските студени во потрага по меѓународно образование. Германските универзитети нудат меѓународно признати програми за релативно поевтина цена во споредба со Велика Британија, Америка и Австралија.

 

германијаа


Покрај тоа, постојат голем број достапни стипендии кои им овозможуваат на странските студенти бесплатно да студираат во Германија.

Меѓународните студенти можат да аплицираат за разни стипендии на различни институции. Обемната база на податоци за стипендии за странски студенти, дипломирани студенти и академци нуди широк спектар на стипендии и дополнителни информации кои ќе им помогнат со нивната примена.

Подолу ви нудиме неколку корисни линкови кои содржат информации за стипендии за студентите кои можат да се добијат во Германија

„DeutschlandStipendium“ - национална програма за стипендии


„DeutschlandStipendium“ нуди финансиска и не-материјална поддршка за студенти со одличен успех и посветени студенти од целиот свет. Моделиран според принципот на јавно-приватно партнерство, бизниси, фондации и приватни лица спонзорираат млади таленти со залог 150 евра месечно. Сојузната влада ја надополнува оваа сума со други 150 евра. Но постои уште: многу универзитети и приватни спонзори исто така ја поддржуваат оваа програма преку менторски програми, вмрежување и практикантство.

Официјална веб страна

DAAD програми за стипендии

Еден поглед назад во историјата покажува дека DAAD има долга традиција на обединување на луѓето со академијата.  Основана во Хајделберг во 1925 година по иницијатива на еден студент, од тогаш DAAD е една од најважните организации за финансирање во светот и за меѓународна размена на студенти и истражувачи.

DAAD е заедничка организација на германските високообразовни институции и е одговорна за промовирањето на меѓународните академски односи, пред се` преку размена на студентите, академците и истражувачите. Базата на податоци содржи стипендии, финансиска поддршка за странските студенти, за дипломираните студенти и научници кои бараат финансиска поддршка за нивните истражувања, истражувачка работа или наставни задачи во Германија. Базата на податоци не само што ги набројува сите стипендии понудени од DAAD, туку исто така нуди и различни програми од широк спектар на институции.

Официјална веб страна

Програми за стипендии и фондации во Германија


Голем број политички и верски фондации во Германија нудат стипендии за меѓународни студенти од различни средини, со различни интереси и квалификации. Како меѓународен студент, финансирањето на вашите студии е еден од главните проблеми, такашто овие фондации ви го олеснуваат. Додека цената на универзитетите во Германија, за разлика од другите земји е релативно евтина, на студентите ќе им требаат најмалку 670 евра месечно за да ги платат нивните трошоци за живот, вклучувајќи и кирија.

Еразмус Мундус стипендиски програми во Германија

Германските Универзитети учествуваат во доста голем број студиски програми кои се финансирани од Еразмус Мундус стипендиите. Стипендиите може да ги финансираат меѓународните студенти со цел да учествуваат во програмата Еразмус Мундус во Германија.

 

Официјална веб страна


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование