X
 25.04.2016 Технологија

Научниците конечно ќе го решат проблемот со брзото празнење на батериите

Замислете батерија која можете да ја наполните стотици илјади пати, а со текот на времето да не кородира. Истражувачкиот тим од Калифорнискиот универзитет во Ирвин неодамна создаде ваква батерија, врз основа на материјал од нано-жици.

 

батерија


Се разбира, тоа не значи дека овој производ наскоро ќе се појави на пазарот, но новата технологија секако претставува значаен чекор во областа на продолжувањето на просечниот животен век на батериите за електрични уреди, автомобили и вселенски летала, вели авторот на истражувањето Реџиналд Пенер, кој е и професор по хемија на Универзитетот во Калифорнија.

„Научниците се доста заинтересирани за нано-жиците бидејќи овозможуваат производство на помоќни батерии, без намалување на вкупната складирана енергија“, вели Пенер.

„Но, нано-жиците се чувствителни. Дури и најмалиот степен на корозија доведува до оштетување и загуба на капацитетот - што е многу лошо. Ова истражување е важно бидејќи укажува на тоа дека значителните промени би можеле да го продолжат векот околу 40 пати повеќе“, додава тој.

Во истражувањето објавено во магазинот „Energy Letters“, златните нано-жици се прекриени со слој од манган-диоксид и електролити, направени од гел како плексиглас. Секоја нано-жица е околу илјада пати потенка од човечкото влакно.

Истражувачите потоа тестираа електроди околу 200.000 пати во текот на три месеци. Тие биле прилично изненадени кога откриле дека батеријата, без оглед на големиот број тестирања, воопшто не го изгубила капацитетот и нано-жиците не биле оштетени.

„Ние спроведовме експеримент со цел да го продолжиме животниот век на електродите - едноставно се обидовме да произведеме нивна поцврста верзија со замена на течни електролиди во форма на гел“, вели Пенер.

Научниците претпоставуваат дека гелот на некој начин ги пластифицира металните оксиди во батеријата и им овозможува дополнителна флексибилност со што се пречува и било какво пукање на нано-жиците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија