X
 13.10.2015 Култура

Филмски остварувања од оваа година кои се најблиску до Оскарот

Полека се приближува сезоната на наградите. пред Оскарите следува Златниот глобус, а според многу критичари тие се најава за тоа кој ќе добие Оскар.

 

филм


Од морето филмови кои се појавија оваа година, ви ги издвојуваме најдобрите кои засега би можеле да ја добијат оваа престижна награда. Ако треба да се претпоставува и нагодува, засега листата би изгледала вака.

Bridge of spies

 

Стивен Спилберг и Том Хенкс во историската драма за студената војна. Приказна за американскиот адвокат Џејмс Донован кој е регрутиран од ЦИА за да преговара за ослободување на двајца американски пилоти кои со авионот се срушиле во Советскиот Сојуз во текот на Студената војна.


Carol

 

Приказната ги следи Тереза и Керол кои започнуваат пријателство, во текот на 50-те години во Њујорк. Како што поминува времето, Тереза развива чувства кон постарата, омажена Керол.


Spotlight


 

Група на новинари од Boston Globe, откриваат скандал во католичката црква поврзан со сексуална злоупотреба на деца. Одлична филмска екипа предводена од Мајкл Китон. До него стојат Марк Рафало, Рејчел МекАдамс, Лив Шрајбер итн.


The Danish girl


 

Базирана на книгата на Дејвид Ебершоф, ова е неверојатна љубовна приказна инспирирана од животот на Лили Елбе иГерде Вегнер, во режија на Том Хупер. Бракот на Лили и Герде се развива додека го следиме и неверојатното патување низ животот на Лили како првата трансродова личност.


The Martian

 

Во текот на мисијата на Марс, астронаутот Марк Вотни се смета за починат после силното невреме кое ја погодило областа подложена на истражување. Екипажот го оставил мислејќи дека е починат, но Вотни успеал да преживее и се нашол сам на непријателската планета. Со ограничени количини на храна и вода тој се потпира на сопствената интелигенција, креативност и позитивен став за да пронајде начин да и` сигнализира на Земјата дека е жив.


The Hateful Eight


 

Приказна сместена 10 години после граѓанската војна во Америка, ја следи судбината на осум странци кои се наоѓаат во истата куќа за одмор која се наоѓа во пустелија, на сред зима. Некои се криминалци, некои убијци. Одлична филмска екипа предводена од Семјуел Л.Џексон и Курт Расел.


Inside out

 

Филм кој се занимава со сериозна тематика на шеговит и детски начин. Во центарот на вниманието е 11 годишно девојче Рајли чијшто живот станува доста комплициран кога со семејството се преселува во Минесота во Сан Франциско и ги остава своите пријатели.


The walk

 

1974 година. Уметникот Филип Пети избира тим на луѓе кои ќе можат да му помогнат да го реализира својот сон: одење по жица помеѓу двете кули на Светскиот трговски центар.


Trumbo

 

Овој филм е приказна за Далтон Трамбо, сценарист кој ги напишал сценаријата на познатите филмотви „Spartacus“ и „Roman Holiday“ и кој бил ставен на црната листа и испратен во затвор поради наводната соработка со комунистите, за време на прочуената американска чистка во Холивуд во раните 50-ти години на минатиот век.


Suffragette

 

Кери Малиган игра домаќинка која станува поборничка за женските права и со тоа ризикува да го изгуби старателтвото над своите деца. Во главната улога се наоѓаат Мерил Стрип и Хелена Бонам Картер.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура