X
 21.10.2015 Образование

Познати јавни личности со поддршка за Средношколскиот марш

Денеска во 12:30 часот започнува Средношколскиот марш, прв за оваа учебна година.

Со маршот, средношколците ќе им порачаат на одговорните лица во Министерството за образование и на своите претпоставени дека продолжуваат со својата борба за подобро образование, за која протестираа и кампуваа пред МОН изминатата учебна година.

Во пресрет на маршот, поддршката пристигна од македонски актери, новинари, музичари и режисери, меѓу кои Александар Поповски, Мирко Попов, Бени Шаќири, Огнен Јаневски итн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование