X
 22.10.2015 Технологија

Вечниот живот преку технологијата веќе станува реалност


Од социјалните мрежи, дигиталниот маркетинг и видео набљудувањето, сè што нè опкружува денес се чини дека е дел од една цел - собирање информации за нас. Овие податоци за нас веќе се чуваат и во иднина сигурно ќе бидат искористени на еден начин или друг.

Дали овие податоци би можеле да се искористат за создавање виртуелен свет? Мартин Ротблат е сигурна дека тоа ќе се случи наскоро.

Таа е извршен директор на „United therapeutics“ и основач на радио „Sirius“, а во видеото подолу од Форумот на идеи во Вашингтон открива дел од идеите за медицината и технологијата на иднината.

Дали сте го гледале филмот „Her“? Накратко кажано, тоа е она што може да го очекуваме, судејќи според говорот на Ротблат.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија