X
 27.10.2015 Образование

Универзитетот кој нуди бесплатно студирање за имигрантите и жртвите

Федералниот закон во САД не забранува студии за имигрантите, но забранува барање финансиска помош за скапите универзитети. Но, од неодамна, еден непрофитен онлајн-универзитет им овозможува на нелегално дојдените млади луѓе да дипломираат на факултет.



Универзитот на луѓето бара 50 долари за пријавување и тоа е сè. Обично, универзитетите низ САД бараат илјадници долари за школарина.

На онлајн-универзитетот студираат луѓе од 170 земји. Меѓу студентите има бегалци, преживеани од несреќи или жртви на геноцидот во Руанда. Но, речиси една четвртина од американските студенти немаат лична идентификација.

Универзитетот на луѓето е создаден за оние кои немаат пристап до високото образование. Денес, тоа значи дека над 2.500 луѓе во светот не можат да си дозволат традиционално студирање, а половина од нив живеат во САД.

Што се нуди за студентите?

Сиромашните студенти добиваат стипендии за полагањето на испитите, кои чинат 100 евра и се одржуваат еднаш годишно. Приближно една четвртина од студентите не плаќаат за овие испити бидејќи имаат стипендии.

Универзитетот соработува со добри институции, како Њујоршкиот универзитет, Универзитетот во Калифорнија, „Беркли“, „Јејл“ и Оксфордскиот универзитет.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование