X
 31.10.2015 Образование

Универзитетот чијашто тајна го поврзува минатото со иднината

Колку сакаме можеме да читаме историски книги, меѓутоа никогаш нема да дознаеме каков бил секојдневниот живот на луѓето пред 1.000 години. Се` што имаме се стари ракописи, искинати писма и археолошки наоди.

 

1


Да, тие се важни, но сепак, најдобриот начин да научите за историјата е да слушнете директно од устата на некој што сето го доживеал сето тоа. За жал, античките Еѓипјани и Римјаните воопшто не ги интересирало што ќе размислуваме ние, па не се ни потрудиле да ни остават нешто со кое би знаеле што се случувало.

 

4


Но, благодарение на еден универзитетски претседател, цивилизациите после нас ќе имаат можност да ја отворат временската капсула и да видат каков живот живеевме ние. Всушност, на 28 мај 8113 година, ќе биде доста голем ден за човештвото. На овој датум, луѓето ќе можат да ја отворат најстарата и најпознатата капсула во светот на Оглетроп Универзитетот.

Идејата дошла откако претседателот бил фрустриран со тоа колку малку информации останале од античките луѓе. За да им помогне на луѓето во иднина и да го избегне овој проблем, Џејкобс создал капсула позната како „The Crypt of civilization“.

 

2


Затворена на 28 мај, 1940 година со инструкции да не се отвора до 28 мај, 8113 година, куполата се наоѓа под Фиби Херст салата. Вратата на капсулата е испишана со резиме за тоа што ќе пронајдат луѓето во неа кога ќе ја отворат.

 

3


Во капсулата се наоѓаат филмови, фотографии и други предмети, енциклопедии и играчки. Целта на капсулата е да служи како алатка за истражување на идните истражувачи.

 

2

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование