X
 30.06.2020 Живот

Дали јогата во балон е тренд за вежбање на иднината?

Социјалното дистанцирање е клучно за спречување на ширењето на Ковид-19, па луѓето се прашуваат како ќе вежбаат во иднина. Сега можат да се инспирираат од еден јога-настан во Торонто каде што учесниците вежбаат во сопствен балон или купола.

Во организација на „Аутдор студио“ и во партнерство со уште шест други студија во Торонто, настанот трае до 31 јули и има пет до шест часа дневно. Се одвиваат на отворено со 50 балони што се наоѓаат покрај езерото Онтарио.

Секој балон е висок 2 метра, а широк 3 метри, што на учесниците им дава околу 10 квадратни метри приватен простор. Во секој балон е дозволено само едно лице, а на учесниците не им е дозволено да го делат балонот ниту со членови на семејството ниту со пријателите.

joga
Фото: Lmnts Outdoor Studio

Во нив има систем за греење и целта е да дејствуваат како редовен топол јога-час во студио. Балоните се дезинфицираат по секој час. Температурата во балонот се движи од 35 до 40 степени, но надворешните временски услови, како влажноста на воздухот, може да влијаат врз тоа колку е топло внатре. Балоните се следат со помош на контролен балон опремен со вентилатор за соодветно да ја регулира температурата.



Со оглед на тоа што балоните се водоотпорни, часовите можат да се одвиваат во какви било временски услови. Постојат четири различни пакети, наречени земја, вода, воздух и оган.

Извор: Lonely Planet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот