X
 02.11.2015 Технологија

Неверојатен изум - пренослива маса направена од картон

Оваа пренослива маса создадена од картон ви овозможува да работите на секаде.  „Refold“, компанија од Нов Зеланд неодамна ја откри оваа маса која може да се направи и биро.

 

masa


Со цена од 250 долари, масата е направена од лесен картон и може да издржи до 87 килограми. Ова значи дека можете без проблем да го поставите вашиот компјутер. Може да се подели во рамен правоаголник од картон со рачка за носење. Малата маса е 100 сантиметри висока, средната е 105 сантиметри и големата е 110 сантиметри. Најдобриот дел во врска со оваа маса е дека може да биде рециклирана, со оглед на тоа што е направена од картон. Во зависност од нејзиното користење, компанијата „Refold“ проценува дека траењето на масата е околу 1 до 3 години.

 

2


Компанијата е позната по тоа што ја истакнува продуктивноста и им помага на луѓето да се вклучат. Компанијата ја нуди и масата „StandStand“ која има големина на лап топ и е направена од бреза и бамбус.

Сепак, картонската маса има некои недостатоци. На пример, таа лесно може да се оштети, ако некој ја транспортира на дожд или ако случајно се истури чаша вода или нешто слично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија