X
 14.11.2015 Образование

Што учениците учат до нивната 10-та година во градовите низ светот?

Идејата за училиштата не беше во мода во текот на индустриската револуција, кога младите биле заменети со машини, со што тие биле слободни.

 

деца


Постепено, со текот на времето, училиштето стана повеќе начин на поминување на времето. Во градовите ширум светот, постојаното менување на образовните стандарди се разликуваат и тоа како.

Наставните програми низ светот се доста различни и до нивната 10-та годинаа тие учат доста различни работи.

Њујорк, Америка

Претходно, наставната програма во Америка се викаше „No child left behind“, а денес постојат „Common core learning standards“. Овие иницијативи можат да се најдат низ цела Америка, меѓутоа државите и градовите ја претставуваат програмата на сопствен начин.

Читање и пишување - Јазичните уметности се групирани во теми, како што е улогата на свежата вода во светот, со цел да се научат нови теми и истовремено да го вежбаат читањето и пишувањето.

Математика - Мулти-цифрени цели броеви се во центарот на учењето. Учениците се усовршуваат да ги заокружуваат овие бројки, да ги разберат, да ги поделат и одземат и да решаваат задачи од дијаграми и равенки.

Наука - За прв пат уште од 2008 година, научните стандарди во Њујорк беа ажурирани за оваа училишна година од градинка до петто одделение. Клучните работи што тие треба да ги научат се разликите меѓу живите и неживите нешта, што се` може да се набљудува преку сетилата како и фактот дека организмите и видовите се менуваат со текот на времето.

Други предмети - Социјалните студии не се предмет кај помалите ученици, меѓутоа низ Њујорк како целина, постои нова програма која нуди предмет во кој се учат неодамнешните глобални настани.

Лондон, Велика Британија


Училиштата во Англија имаат репутација за квалитет, па во зависност од областа во Лондон, односно во кој дел од од градот се наоѓаат училиштата, нивото на настава е различно. Сепак, оваа репутација се менува, а Лондонските училишта, кои треба да го почитуваат националните наставни програми, започнуваат да добиваат признание од цел свет.

Читање и пишување - Некои главни области за фокусирање се: подобрување на речникот и познавањето на коренот на зборовите, учење на издвојување на префиксите и суфиксите, сфаќање на сврзниците и другите граматички конвенции и развивање на добар ракопис.

Математика -
Собирање и одземање, множење и делење, дропки и геометрија се главните области на учење. Тоа вклучува множење со 6,7,9,25 и 1.000, препознавање на местото на вредност на секоја цифра во четирицифрен број и претворање на време од аналогни и дигитални часовници до крајот на 4-то одделение.

Наука - Нуката ги истражува особините на растенијата, животните, светлата, карпите и магнетите. Следната година учениците се префрлаат во истражување на живите суштества и природната средина и живеалиштата, како и учат за синџирот на исхрана, основниот телесен систем на човекот, состојбите на материјата и својствата на електричната енергија.

Други предмети
- Познавањето на нивното физичко место во светот е тема која учениците мораат најпрво да ја знаат. Подоцна треба да знаат да ги лоцираат сите земји во светот, и во Америка и во Европа, користејќи мапа.

Токио, Јапонија

Во споредба со Западот, училишниот систем во Јапонија е неверојатно центрилизиран и фиксен, такашто не постои многу простор за подобрување и на училишно ниво, и на ниво во училницата. Наставниците од основните училишта поголемиот дел од своето време го поминуваат пред таблата предавајќи, во спротивно од индивидуализираната настава. На возраст од 6 години, учениците започнуваат да одат на училиште сами - без разлика на тоа дали пешачат или фаќаат воз. Оваа значајна културна разлика и лекција за независност се смета како клучна за нивната иднина во читањето, пишувањето и аритметиката.

Читање и пишување - Учениците треба да бидат во можност да ги сфаќаат народните приказни и митовите и да знаат да ги читаат, да даваат презентации. Од нив се очекува да знаат да ги пишуваат јапонските знаци внимателно обрнувајќи внимание на телото додека пишуваат - соодветно да го држат моливот и да бидат исправени.

Математика - Учениците ги учат позитивните и негативните броеви, делење, множење, дропки и мерење на агли. Наставниците се трудат да ги научат големи бројки како милион.

Наука - Во 4 одделение учениците започнуваат да учат за електричната енергија, учат за својствата на воздухот и водата, истражуваат за месечината и ѕвездите и учат за годишните времиња.

Други предмети- Јапонските ученици уште во петто и шесто одделение започнуваат да учат англиски јазик. Во прво и второ, еден од начините да ја исполнат дисциплината наречена „студии за животна средина“, наставниците ги охрабруваат учениците да одгледуваат милениче или растение.

Хонг Конг, Кина


Во Хонг Конг, постојат широко распространети цели за тоа што учениците треба да имаат постигнато во рамките на нивната прва деценија. Развиен од страна на специјализиран комитет за наставна програма, тие вклучуваат познавање на нивните одговорности, како дел од своето семејство и во општеството, и својот национален идентитет, со дискусии на англиски и кинески јазик, развивање на навика за читање и усовршување на независните вештини за учење како што е само-управување.

Читање и пишување - Читањето, особено, е подигнато на повисоко ниво во последните реформи на наставната програма во Кина. Од наставниците се бара да ги движат учениците од учење да читаат, до читање за да научат. Ова значи дека тие им помагаат да се поврзат со ликовите и борбите во приказните што тие ги читаат - заедно со читањето на физички текстови да разгледуваат како тие можат да дојдат до пристап на е-текстови при користење на веб содржини за пребарување на информации.

Математика
- Математиката е многу повеќе од само зборови во училиштата во Хонг Конг - тоа е алатка за учење на други дисциплини. Учениците учат како графички да презентираат линеарни равенки, да гледаат 3D форми и како да градат збирки на податоци.

Наука - Целите на науката не се отворено наведени.

Други предмети
- Цело поглавје од наставната програма е посветено на значајни домашни задачи. Домашните задачи имаат за цел да им помогнат на учениците да го развијат интересот за читање и да го подобрат нивното размислување.

Јоханесбург, Јужна Африка

Во обид да се држат понастрана од нивното минато со апартхејдот, Јужна Африка речиси 20 години ја формулира националната програма, со потврдени предметни области за кои Министерството за образование инсистира да даде израз на знаење, вештини и вредности на учењето. Во Јоханесбург, како и во останатиот дел од земјата, постои недостаток на учебници што претставува голема пречка, особено во наставата по математика.

Читање и пишување - Во нивниот мајчин јазик, ова се дели на 3 одделни задачи: слушање и зборување, читање и фонетика; и вежбање на пишување и ракопис. Англискиот јазик се учи од прво одделение. До четврто одделение, наставата целосно е на англиски јазик.

Математика - Во текот на часовите по математика, учениците ги изучуваат броевите до 1.000, како и дропки и како да користат предмети и симболи за да создадат шаблони. Другите цели вклучуваат учење на 3D својствата, споредување на различни количини со термини како „повисок“ и „пократок“ и сфаќање на мерните единици како грам.

Наука - Науката не е предмет сам по себе, туку е дел од предметот „Животни вештини“. Учениците учат што е времето, што значи еден предмет да плови, зошто е неопходно зачувување и рециклирање, како и концептот на планетите.

Други предмети - Активностите по уметност ставаат акцент врз математиката и ги истражуваат креативностите на учениците.

Москва, Русија

Помина веќе една деценија откако Москва донесе задолжително образование до 11 години. Повеќето ученици започнуваат да одат на училиште од 5,6 или 7 години во она што се нарекува основно општо образование. Таму еден наставник учи цел клас во сите четири основни одделенија.

Читање и пишување
- Наставната програма става акцент на потребата да се изразат и прифатат различни гледишта. Рускиот јазик се смета како основа за нивниот руски идентитет.

Математика - Компјутерските науки се ставени во рангот на математиката, како начин на нагласување на потребата учениците да бидат компјутерски писмени, дури и како основци. Математички, тие треба да знаат како да претвораат мерки, како да решаваат алгоритми, задачи и проценување на бројки.

Наука - Раното учење на природните науки опфаќа биологија, физика, астрономија, хемија и екологија. Учениците започнуваат да го развиваат сфаќањето за современата научна слика на светот.

Други предмети - Концептот на постоење национална гордост во руските постигнувања го има во цела наставна програма. Учениците исто така, се охрабрени да најдат прифатлив начин да истражуваат за природата и општеството. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование