X
 17.11.2015 Култура

Фан страната на "Game of thrones" најавува враќање на омилениот лик

фан

 

*Внимание, спојлери!Фан страната „Watchers on the wall“ известува дека се снима сцена со Ремзи Болтон, неговата жена Санса Старк и Литлфингр во Северна Ирска.


Она што е интересно за фановите на серијата е дека Џон Сноу е во сцената, и покрај тоа што сезоната заврши со неговото прободување со нож, со што се разгоруваат шпекулациите за тоа дека тој ќе се врати меѓу живите.

Средбата се случува во дворот на Винтерфел, домот од детството на Санса и Џон кој сега е под контрола на Болтон. Како дополнителна тензија, на сцената се појавува џин со кој луѓето ќе треба да се борат.

Се`уште не е јасно дали џинот е Вун Вун, или пак некој друг стигнал јужно од Ѕидот. Претходните спојлери најавија дека актерот Алфи Ален, кој го глуми Тион Грејџој, се појавил на сцените во Северна Ирска, со што значи дека Санса и Тион го преживеале падот од Винтерфел од минатата сезона.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура