X
 01.12.2015 Наука

Страшни работи што може да се случат до 2050

Пред нас се многу брилијантни иновации, но се соочуваме и со многу закани за кои не сме свесни. Климатските промени се нешто за што слушаме постојано, но во реалноста, на човештвото му се закануваат глобални кризи кои ќе имаат влијание многу порано. „Бизнис инсајдер“ пишува за неколку работи кои може да ни претставуваат закана до 2050 според научниците и економистите.


Бездомништво

Промените во природата би можеле да бидат причина за губење на милиони домови во следните 35 години. Се предвидува дека пораст на температурата од само 3 степени би можеле да бидат причина за 600 милиони луѓе да побараат нов дом.

Поплави

Бреговите ширум светот се во ризик поради порастот на морското ниво. Во последните 20 години, шансите за поплава на Менхетен во Њујорк се зголемиле за 20%, а до 2050 година се претпоставува дека она што се случувало еднаш во 100 години сега ќе се случува еднаш во 4-5 години.

Глад

Се очекува и дека ќе имаме помалку житарки. Азија до 2050 година би требало да произведува 50% помалку пченица и 17% помалку ориз. Поради тоа, 20 милиони деца ќе бидат гладни во Азија, Африка и Јужна Америка.

Болести

Зголемените температури и влагата во воздухот ќе бидат причина за зголемување на бројот на инсектите кои ги пренесуваат болестите. Подолгите лета и почестите меѓународни патувања ќе придонесат кон ширењето на пандемиите.

Војна

Технолошкиот развој уште сега предизвикува технолошки војни, а со текот на времето тоа само ќе се вжештува. Нерамномерната распределба на сила ќе ја зголеми опасноста од регионални закани со нуклеарни војни.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука