X
 09.12.2015 Култура

Среќна 1895 година ви посакува Шерлок!


© Hartswood Films 2015. Sherlock is produced by Hartswood Films Ltd and distributed by BBC Worldwide Ltd.

ЕКСКЛУЗИВНА Регионална премиера на специјалната епизода на „Шерлок“ за Нова година ќе се прикажува само на Pickbox

Многу здравје, среќа, љубов, а нека се најде тука и едно убиство! Така би гласела новогодишната честитка на најпознатиот детектив на светот – Шерлок Холмс. Харизматичниот детектив, кого го игра сѐ попопуларниот Бенедикт Камбербач, по две години се враќа на екраните и нѐ носи на возбудливо патување во Англија од викторијанската ера. Новогодишната специјална епизода ќе ја има својата светска премиера на 1.1.2016 година во 22 часот, а кај нас во исто време ќе ја гледаме на Pickbox. Нека почнат игрите!

Светскиот успех на Шерлок

„Не се надевавме на тоа дури ни во најлудите соништа. Се надевавме дека ќе биде добро прифатена и популарна кај гледачите како што е кај нас. Уживавме додека ја снимавме и многу се гордееме со неа, но освен тоа не можеме да контролираме како ќе ја прифатат луѓето, така што реакцијата беше одлична“, рече Мартин Фримен, кој го игра Џон Вотсон, коментирајќи ја популарноста на серијата.


© Hartswood Films 2015. Sherlock is produced by Hartswood Films Ltd and distributed by BBC Worldwide Ltd.

Авантурите на британскиот детектив Шерлок најдоа свои обожаватели од Берлин до Пекинг, така што серијата за модерниот Шерлок стана светски феномен. Шерлок освои седум награди „Еми“ и дванаесет награди БАФТА, и е една од најгледаните драми на Би-би-си во последните десет години. Само во Кина ја гледаат 90 милиони обожаватели.

Бенедикт Камбербач ги освои и публиката и критиката На наградениот со „Еми“ Бенедикт Камбербач неверојатно добро му легна улогата на модерниот Шерлок Холмс, а одлично го прифатија и најголемите фанови на старите филмови за Шерлок Холмс и на приказните на Дојл за овој детектив.

„Посакувам да ја имав концентрацијата на Шерлок, која оди заедно со мани и тешко е да се дојде до неа. Кај него ми се допадна тоа што им е херој и идол на луѓе што се поинакви. Би сакал да ги имав неговата волја и неговата меморија!“, истакна Бенедикт, зборувајќи за квалитетите на Шерлок.

Шерлок и Моли – првиот Шерлок со женски ликови

Моли Хопер ја игра британската актерка, писателка и новинарка Луиз Брили. Ликот на Моли инаку не се појавува во оригиналните книги на Артур Конан Дојл, но Луиз толку ги воодушеви публиката и продуцентите на серијата, па набргу стана дел од постојаната актерска постава.

„Ме воодушевува тоа што публиката може да биде толку моќна. Другите актери се воодушевени, а обожавателите се чувствуваат уште повеќе вклучени во сѐ затоа што знаат дека ние сме тука благодарение на нив“, рече Брили.

Шерлок им се враќа на своите корени

Во специјалната епизода за Божик, Шерлок се враќа во своето оригинално опкружување, во викторијанската ера. Во новогодишната епизода патуваме во 1895 година, во светот со парни возови и кочии, со господа што носат фракови и им се поклонуваат на дамите на улица.


© Hartswood Films 2015. Sherlock is produced by Hartswood Films Ltd and distributed by BBC Worldwide Ltd.

Шерлок и Вотсон ќе мора да ѝ влезат во трага на една морбидна невеста која извршила самоубиство, а сега како дух шета низ улиците и бара одмазда. Овој пат детективската двојка ќе има работа со личност што се наоѓа во друг свет, сето тоа измешано со хуморот на Шерлок на кој се имаме навикнато.

Не пропуштајте ја на 1.1. во 22 часот, само на Pickbox. Специјалната епизода на „Шерлок“ ќе биде достапна на 8.1. во склоп на Pickbox на MaxTV, каде што можете да ги гледате и преостанатите 3 сезони од целосната серија.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура