X
 11.12.2015 Образование

Екстерното тестирање останува исто



И покрај ветувањето на Министерството за образование, од каде рекоа дека матурантите од следната година ќе полагаат според нов модел на екстерно тестирање, концептот сепак останува ист.

- Ние кажавме, ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот, рече министерот за образование Абдулаќим Адеми

Министерот Адеми во октомври изјави дека системот има слабости кои треба да се подобрат и рече дека не би сакал промените во врска со екстерното тестирање да ги прави само Министерството за образование и наука.

- Сакам во овој процес да се слушнат сите засегнати страни за да заклучиме каков модел е најприфатлив за сите. Затоа планирано е да има поширока дебата, вклучување на сите за да утврдиме конечен модел. Казните за наставниците ги тргнавме, останаа само наградите но сепак има реакции од учениците за тоа дека им влегува оценката од екстерното во просекот на успехот. Можеби се во право и затоа мора да најдеме начин како да ги повлечеме учениците да учествуваат во овој процес. Мора да има стимулативни мерки, зошто ако нема стимулативни мерки тие нема да бидат принудени да бидат дел од ова оценување и тогаш може да ни пропадне целиот процес - изјави Адеми за време на средбата со СОНК на почетокот од месец октомври.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование