X
 25.01.2016 Образование

Денес започнува екстерното тестирање на средношколците

Денес започнува екстерното тестирање на матурантите, кое ќе трае од 25.01 до 29.01.


Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матуранти, според податоците од Државниот испитен центар. Сите пријаветни матуранти ќе полагаат тестови од два предмета, а предметите за кои ќе бидат тестирани го дознаваат три дена пред денот на полагањето.

Од Државниот испитен центар изјавија дека прелиминарните резултати се очекуваат за 8 февруари. Незадоволните матуранти ќе имаат право да поднесат приговор до 10 февруари. Матурантите ги имаа прашањата по сите предмети од почетокот на оваа година.

Екстерното ќе се одржи и покрај иницијативата за негово преиспитување

Во септември минатата година беше подигната иницијатива за преиспутување на уставноста на екстерното тестирање. Во иницијативата учествуваа околу 1.000 наставници, но истата заглавила на Уставен суд, известува „Фактор“.

Имено, незадоволните наставници реагираа на односот на надлежните власти во поглед на екстерното тестирање, за кое беше најавена реформа со прифаќање на предлозите на сите чинители, но ветувањето остана неисполнето.

Наставниците и професорите од Наставничкиот пленум стојат на ставот дека е потребен нов модел на екстерно тестирање. Барање за нов модел на екстерното тестирање имаше и од Средношколскиот пленум, кој изминатата година организираше протести и маршови за истата цел.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование