X
 24.12.2015 Забава

Најубавите празнични изненадувања во Капитол Мол!

Во духот на новогодишните празнувања и со желба да се биде најблиску до своите потрошувачи и нивните потреби, Капитол Мол ги остварува своите ветувања во најдобрата смисла на зборот.



Празниците се совршено време да се слави дарежливоста и добрината и да се креираат спомени кои ќе траат засекогаш и во таа смисла Капитол Мол и овие празници се погрижи да ги отслика своите заложби и да ги сподели доживувањата со своите потрошувачи, овозможувајќи им настани, работилници, игри, подароци, награди, претстави, музика и многу забава и мигови на среќа.

Празнувањето во Капитол Мол почна уште на 11 декември, како наговестување на прославата за вториот роденден со модно шоу каде беа застапени модните брендови од  Капитол мол. Официјалниот датум на вториот роденден 12 декември, беше обележан со концерт на поп дивата Тамара Тодевска и целодневна програма за сите посетители во текот на роденденскиот викенд.
Активностите продолжија секој нареден викенд на радост на сите посетители, а она што нè чека овој викенд за прв пат во трговски центар е гостувањето на Театарот на сенки  „Сонот на облачето“ со претставата  ,,Нашиот штрк Силјан” во петок, на 25 декември од 18 часот. Во продолжение по претставата ќе следи работилнциа за фигури и сенки за сите кои сакаат да научат повеќе за оваа уметност.

Во сабота потрошувачите можат да присуствуваат на работилница за изработка на новогодишни украси „Вредни рачиња прават украсчиња“ со почеток во 12.30 часот, а недела, 27 декември е резервирана за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ која почнува од 12.30 часот.  Истиот ден Дедо Мраз и неговите помошници ќе помогнат во пакување на најслатките пакетчиња за децата од СОС Детското село.

„Пресреќни сме што овие празници во Капитол Мол поминуваат токму онака како што ги замисливме. Сакавме на нашите потрошувачи да им подариме нешто што им недостига во секојдневниот, динамичен живот, квалитетно време поминато во дружење со нивните најмили. Ги покануваме сите посетители и потрошувачи да дојдат и да уживаат во овој автентичен амбиент и да ги слават празниците радувајќи се на љубовта, среќата и семејството“ - изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол Мол.

Работилницте, претставите и сите активности се отворени за сите, а присуството и учеството е бесплатно. За повеќе информации околу настаните посетете ја веб-страната  www.capitolmall.mk

Капитол Мол. Твој мол. Твое место.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава