X
 15.07.2017 Здравје

Една шолја кафе дневно го продолжува животот

Две неодамнешни истражувања покажале дека луѓето што пијат кафе се изложени на помал ризик од срцеви болести и срцев удар, како и болести на бубрезите.


Фото: Pixabay

Едно од двете истражувања е спроведено во Европа со 520.000 учесници, а другото во САД со 185.000 луѓе. Целта била да се одреди поврзаноста на смртноста со кафето, а од двете истражувања се добиле слични резултати - кај луѓето што пијат по една шолја кафе на ден е забележан за 12% помал ризик од срцеви болести, рак, срцев удар, дијабетес и др., а кај оние што пијат по 3 шолји дневно ризикот од изложеност на овие болести е за 18% помал во споредба со тие што не пијат кафе.

Научниците наведуваат дека кафето има различни состојки кои имаат особини на антиоксиданси. А тоа е најпогодно за органите за варење.

Тоа има влијание и врз контролата на глукозата и го намалува бројот на инфекции во организмот.

Научниците, сепак, оцениле дека не може да се најде директна врска меѓу кафето и здравјето и дека можеби оние што пијат кафе се поздрави на поинаков начин од оние што не пијат. Тие велат дека користа за здравјето може да биде во различниот начин на живот, а не во самата напивка.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје