X
 16.02.2016 Култура

Што треба да знаете за американскиот систем на гласање?

Можеби патот до Белата куќа е стрмен и тежок, меѓутоа избирањето на новиот американски претседател е многу потежок и покомплициран.

 

избори


Додека голем број од гласачите нема да обрнат внимание се` до неколкуте недели пред денот на изборите, меѓутоа кандидатите за претседател со години активно планираат, собираат финансиски средства и пресметуваат.

Во продолжение прочитајте што се` треба да знаете за американските претседателски избори за 2016 година.

Зошто американските претседателски избори траат толку долго?

 

Америка има две најголеми политички партии - Демократската и Републиканската партија. Овие партии ги избираат своите канидати преку партиски спонзорирани натпревари во секоја од државите и териториите на Америка. Овој процес започнува во февруари и трае пет месеци.

Ајова и Њу Хемпшир традиционално го започнуваат процесот на почетокот на годината, а потоа и другите земји - но, пред тоа кандидате поминале една година поставувајќи ги темелите за кампањите во тие региони.

Откако секоја партија ќе добие свој кандидат, тие го поминуваат летото и есента во кампањи до општите избори на 8 ноември.

Зошто чинат толку многу пари?

Една од причините зошто чини толку многу пари е тоа што траат толку долго. За разлика од други земји, не постојат правила за тоа колку рано еден кандидат треба да започне со својата кампања - Тед Круз официјално објавил дека се кандидирал во март 2015 година, 20 месеци пред изборите.

За разлика од другите земји не постои ограничување за тоа колку можат да потрошат. Претседателските кампањи може да чинат до 1 милијарда долари - а тоа не се ни пари кои се бројат од надворешните групи. Не е евтино да патуваат низ земјата две години и повеќе, да купуваат реклами на телевизија и да платат мала армија на работници.

Која е разликата меѓу „caucus“ и „primary“?

Државите имаат два начини на собирање на гласовите на членовите од партијата кога избираат претседателски кандидат - „primaries“ и „caucuses“.

„Primary“
е она што повеќето луѓе традиционално мислат кога замислуваат гласање - луѓето се појавуваат на гласачко место и гласаат за нивниот кандидат.

„Caucus“
е доста различно. Тоа е настан во одредено соседство кое бара неколку часа активно учество и дебата, и обично се одржува навечер во дом или јавно место, врз основа на групата.

Зошто Ајова и Њу Хемпшир се толку важни?

Ајова, која користи „caucus“ систем и Њу Хемпшир кој користи „primary“ се првите две земји кои гласаат. Иако тие сочинуваат мал дел од гласачите во Америка, тие играат огромна улога во процесот на номинирање врз основа на тој што е прв.

Резултатите во овие земји дава слика за популарноста на кандидатот, организирање способност и интензитет. Очекувајте неколку кандидати кои ќе поминат слабо во Ајова и Њу Хемпшир да бидат исфрлени од трката.

Кои се републиканските кандидати?

Доналд Трамп - Магнатот на недвижности води неколку месеци и покрај тоа што прекрши многу правила на традиционалната кампања, вклучувајќи критикување на воените затвореници, Мексиканците, Муслиманите и жените. Мал број на експерти предвидуваат дека неговата кампања ќе биде успешна.

Тед Круз
- Жестокиот конзервативен тексашки Сенатор се прослави како аутсајдер во Конгресот. Тој диригирал исклучување на владата во 2013 година.

Марко Рубио - Сенаторот од Флорида стана познат во 2010 година, и покажа одлична способност за работа со демократите.

Кои се демократските кандидати?


Хилари Клинтон - Таа планираше да започне со кампања уште од моментот кога изгуби во 2008 година. Жената на Бил Клинтон се гледа како еден вид на продолжување на делата на Барак Обама и безбеден адут во рацете на Демократите.

Берни Сандерс -
Сенаторот од Вермонт го претставува најлибералното крило на мејнстрим американската политика, но некои Демократи го гледаат како многу налево насочен за да ги освои изборите.

Кога конечно се дознава кои кандидати ќе бидат избрани?

Обично се дознава до крајот на пролетта, но тие не се официјално избрани се` до националната конвенција на партијата во текот на летото.

Дали победува кандидатот со најмногу гласови?

Наместо избирање на претседател врз основа на тоа колку гласови ќе добие, основоположниците утврдиле нешто кое го нарекле „Electoral College“. Секоја држава добива ист број на избирачи колку што има конгресмени и сенатори - колку е поголема државата, толку повеќе избирачи има.

Во сите, освен во две држави (Мејн и Небраска) системот е победникот зема се` - па ако победите 60% од гласовите во Калифорнија, тогаш ги земате сите избирачи на државата. На пример, во 2012 година Обама добил 51% од гласовите на национално ниво, што е преведено на 61% од „Electoral College“ гласови.

На крајот, оној кој добива 270 „Electoral College“ гласови или повеќе, победува. Да не почнуваме со објаснување доколку е нерешено. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура