X
 12.04.2016 Технологија

Како се движат цените за хакирање на профилте на социјалните мрежи?

Ако некогаш сте сакале да го шпионирате меилот на вашата девојка или момче „Dell“ има интересни вести за вас. Не само што постои цел „подземен“ пазар за вакви работи туку и се` повеќе се развива.

 

хакирање


 

„Наместо парите да им ги испраќате на криминалците кои единствено можат усно да ви гарантираат дека ќе ја извршат работата, сега можете да се осигурате дека работата ќе биде завршена и пред да ги уплатите парите. Она што е уште поинтересно е дека целата постапка ќе ве чини помалку отколку што мислите“.


Овие информации се само дел од годишниот извештај за хакерите на компанијата „Dell“. Експертите задолжени за безбедноста на оваа компанија поминуваат доста време на „Dark Web“ и истражуваат колку ваквите и сличните услуги чинат.

Нивните податоци покажуваат дека хакирањето е прилично евтино. На пример, можете да нарачате хакирање на „Gmail“, „Yahoo“ или „Hotmail“ сметки 129 долари. Еднакво достапно е и хакирањето на профилите на социјалните мрежи и официјалните меилови, иако тоа чини околу 500 долари.

Она што загрижува е фактот дека хакерите овие услуги ги извршуваат такашто воопшто не ја менуваат лозинката на корисникот кој го хакираат, такашто жртвата воопшто не е свесна дека се случува нешто необично.

Некои хакери дури и нудат тест период кој е бесплатен. Во текот на овој период ви докажуваат дека нивните методи навистина функционираат во пракса.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија