X
 14.04.2016 Култура

Како ќе изгледа највисоката зграда во светот?

Во Дубаи наскоро ќе „никне“ новиот највисок облакодер во светот. Во тој град се наоѓа и моменталниот највисок облакодер, Бурџ Калифа, висок неверојатни 828 метри. Футуристичкиот облакодер би требало да има ротирачки балкони и да биде прекриен со вертикални градини инспирирани од митските висечки градини во Вавилон.

  

Дизајнот на облакодерите го потпишува архитектот Сантијаго Калатрава Валс. Мухамед Алабар, шефот на компанијата која ќе го гради новиот облакодер, рекол дека реализацијата на тој проект би требала да чини околу милијарда долари, дури половина милијарда помалку од изградбата на Бурџ Калифа.

Тој порачал дека конечната висина на зградата ќе биде објавена на интернет пред завршувањето на изградбата, додавајќи дека компанијата би сакала тоа да биде пред 2020 година. Имено, тогаш Дубаи ќе биде домаќин на Светската изложба.

Погледнете како ќе изгледа новата зграда во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура