X
 19.04.2018 Технологија

„Гугл“ воведува одлична безбедносна функција во апликациите за „Aндроид“

„Гугл“ ѝ посака добредојде на функцијата „Сејф браусинг“ (безбедно пребарување) што ќе ве штити од обидот за „фишинг“ и опасните програми дури и ако не пребарувате со „Хром“.

gugl
Фото: Profimedia

„Гугл плеј протект“ има функција за безбедно сурфање и во „Веб вју“, компонента што на апликациите на „Андроид“ им овозможува да прикажуваат веб-содржини.

Со оглед на тоа дека произведувачот на софтверот не мора да направи ништо за да ја овозможи оваа функција, нивните апликации автоматски ќе бидат надградени да прикажуваат предупредување ако се најдете на несигурна или опасна веб-страница.

Оваа сигурносна мерка ја има истата технологија како онаа во „Хром“ и во случај на опасност ќе се прикаже црвен екран за предупредување. Ова значи дека ќе добиете предупредување кога ќе почнете да инсталирате недоверлив софтвер или ако случајно откриете некоја приватна информација.

Некои девелопери ваквото однесување може да го приспособат по свој вкус, но голема е веројатноста дека и во тој случај на голем број апликации оваа функција ќе ви даде црвен екран како предупредување, карактеристичен за „безбедносно сурфање“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија