X
 04.05.2016 Уметност

Дали ова е најголемиот рокенрол настан во векот?


Повеќемесечните шпекулации за фестивалот на легендарната рок-група во Калифорнија конечно се потврдени. Ролингстоунс, Боб Дилан, Пол Макартни, Нил Јанг, Роџер Вотерс (Пинк Флојд) и The Who ќе настапат на тридневен фестивал „Desert trip“ кој ќе биде одржан од 7 до 9 октомври во Индио, Калифорнија.

Фестивалот го организира продукциската куќа „Goldenvoice“, која стои зад најголемиот американски фестивал „Коачела“, кој се одржува на истото место како и овој.

Веќе со месеци се шпекулира дека некои од најголемите имиња во историјата на рокенролот би можеле да настапат на единствениот фестивал во Калифорнија, а гласините ги подгреваа и самите изведувачи со најави на социјалните мрежи дека се подготвува нешто големо за октомври.

Продажбата на карти за „Desert trip“ започнува веќе во понеделник, на 9 мај, а најевтиниот пакет влезници за сите три дена изнесува 399 американски долари.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност