X
 09.06.2016 Образование

Училиштата треба да воведат предавања за сексизмот

Децата најрано на четири годишна возраст треба да започнат да учат за сексизмот и вознемирувањето со цел да можат соодветно да се справат со сексуалното малтретирање во училниците, предлагаат експертите од Британија.

 

деца


Експертите кои работат во училиштата и со млади девојки кои се жртви на сексуално насилство и злоупотреба во и надвор од училницата, беа едногласни и повикаа на задолжителна настава на прашањата поврзани со сексизмот.

Министерството за образование во Британија се обидува да го минимизира проблемот на сексуално вознемирување во училиштата и онлајн и офлајн, прикажувајќи му на Комитетот докази дека училиштата се безбедни места.

Од истражувањето направено во 2015 година во истражување направено во 1.113 средни и 975 основни училишта, Министерството за образование објаснува: „Со високо ниво на сигурност можеме да кажеме дека овој вид на малтретирање е застапено во 5% од училиштата просечно, но не можеме да кажеме колку други училишта би рекле дека ова е проблем, но сигурно не е чест“. Сепак, Министерството вели дека анкетата не им поставила прецизно прашање на наставниците за проблемот со сексуално малтретирање.

Но експертите ги оспоруваат овие бројки. Софи Бенет, ко-директор на „UK Feminista“ вели: „Пораката која постојано ја слушаме е секојдневно искуство за многу девојки и млади жени и постои чувство на немоќ кај нив бидејќи не можат ништо да направат“.

Организациите кои даваат докази беа едногласни во барањето за задолжителна едукација за сексизмот во училиштата и како тие да се справат со она што го нарекуваат „темпирана бомба“ на сексуално малтретирање и насилство.

Иако владата направи задолжително во училиштата да се промовираат британските вредности, сепак не постои слична одлука за наставниците да зборуваат за сексизмот и сексуалното насилство.

Податоците објавени во септември минатата година откриваат дека биле регистрирани 5.500 сексуални прекршоци во училиштата во Британија во период од три години, вклучувајќи и 600 силувања. Истражување од 2014 година покажува дека 59% од младите жени во Британија на возраст од 13 до 21 година се соочиле со некоја форма на сексуално вознемирување на училиште или на факултет.

„Мора да ги натераме училиштата да започнат да ги учат децата за сексизам и феминизам, да се разговара со децата за тоа како жените ја промениле историјата, како и тие се пронаоѓачи и научници, за да престанат да ја доживуваат како сексуален предмет“, вели Д-р Фиона Вера-Греј од центарот за родово-рамноправен пристап во медиумите од Дурам Универзитетот.

Исто така, објавени се анонимни докази. „Вознемирувањето не мора да е физичко, може да е и емоционално. Сум видела неколку случаи во моето училиште кога момчиња се обидуваа да навредат и понижат девојки со користење на сексуални фрази. Тие се навистина понижувачки и можат да создадат психолошки проблеми кај девојките и да ја направат да се чувствува несигурно и непријатно“, изјави една девојка за комитетот.

„Работата е што тие не го гледаат сето тоа како малтретирање. Тие само гледаат да се забавуваат, да ги нарекуваат девојките со погрдни имиња. Помладите постојано се смеат кога некој ќе удри девојка по нејзиниот задник. И сето тоа не го гледаат како лошо нешто“, изјави друга девојка.

Друг ученик рече дека социјалните медиуми се олеснителна околност кога станува збор за малтретирање девојки: „Мислам дека ако момчињата беа повеќе едуцирани, тие ќе знаеја како да ги почитуваат жените; дека жените не се само сексуален предмет и дека во основа сме исти. Ако го знаат ова, сексуалното малтретирање нема да биде толку често“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование