X
 28.02.2024 Образование

Високо признание за УКЛО за промоција и развој на спортот кај студентите

Сојузот на спортови на Битола му додели специјална награда во вид на плакета на УКЛО - Битола за промоција и развој на спортот кај студентите на Универзитетот.

Во име на УКЛО, плакетата му беше врачена на ректорот, проф. д-р Игор Неделковски. На пригодата тој ја потврди големата ангажираност на УКЛО за пошироко анимирање и вклучување на студентите во различни спортски активности со што е оправдано образложението за наградата: дека во 2023 година УКЛО организира десетина спортски активности за студенти, од кои некои беа од отворен тип. Првпат се организираа натпревари во тенис, едрење, стрелаштво, куглање, а се одржаа и традиционални натпревари, како и студентски лиги. Високото признание несомнено го мотивира раководството на УКЛО да продолжи во унапредување на целокупното студентско живеење и социјалниот живот како составен дел од животот на младите луѓе.

1

Во таа насока, Факултети.мк. ја замоли проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска низ еден пресек да се осврне кон активностите на овој план во годината што измина и она што се планира за идниот период, особено затоа што УКЛО сите следни настани, манифестации и спортско-рекреативни активности веќе ги одржува под знаменото на европската Алијанса КОЛОРС .

- Лично сум уверена дека спортот и физичката активност воопшто, секако и правилната и здрава исхрана се основен предуслов за намалување на стресот, за ослободување енергија, поттикнување ендорфин и чувство на среќа. Секако, се согласувам и со онаа позната народна порака дека спорот е феномен кој ги зближува и поврзува луѓето, па сакав токму тоа да им го овозможиме и на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Имено, со сите спортски активности што ги реализираме за нашите студенти, почнувајќи од можностите за учество на универзитетските спортски лиги, и секако големиот број индивидуални и екипни спортски натпреварувања и дружење, се обидуваме да им донесеме многубројни придобивки како за нивното физичко така и за нивното психолошко здравје и секако социјалниот аспект на студирањето.

Секој студент има сопствени карактеристики и афинитети и затоа се обидовме да направиме рамнотежа во понудата, од шах, пикадо и пинг-понг до натпреварување во тенис, стрелање, куглање или едрење во водите на Охридското Езеро, а за март најавуваме екипни турнири во кошарка и вело-родео.

укло

Секогаш сме со поддршка за нашето Универзитетско студентско собрание, па заедно и со поддршка на ОО Црвен крст Битола, реализиравме и серијал „Здрава исхрана на УКЛО“. Неодамна започнавме серијал „Мотивирачки и успешни спортски приказни“, а секако, секогаш со гордост зборувам за групата студенти кои ја посетуваа тримесечната школа за стандардни и латино-американски танци во коорганизација со Танцовиот спортски клуб „Степ ап“ од Битола.
Да ја искористам оваа пригода, уште еднаш да им се заблагодарам на сите УКЛО студенти-нашите УКЛО-амбасадори кои освоија награди на универзитетските лиги и кои успешно и со гордост го претставуваат универзитетот дома и во странство.

Овогодишното признание од Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и Советот на Општина Битола ми е особено драго. Ова признание го потврдува влијанието на УКЛО во општеството, а задоволството е секако големо, бидејќи признанието е потврда дека со коорганизација, реализација и промоција на многубројните спортски настани сме оставиле голем импакт во Битола и регионот, и препознати се активностите и мотивираноста и на студентите и на кадарот на УКЛО.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование