X
 12.06.2016 Живот

Како "Google" ги интервјуира мажите и жените различно?

„Google“ е познат по своите чудни прашања за време на интервјуата за работа. Тие најчесто се загатки со невозможни одговори наменети за кандидатите да започнат да размислуваат „надвор од кутијата“.

 

google


Новата епизода од „Hidden Brain“ ја покажува новата загатка која ќе ве збуни доколку не сте внимателни. Ласзло Бок, постар заменик претседател на операции со луѓе во „Google“, вели дека иако повеќе не се поставуваат такви загатки, со новата загатка се открива нешто што навидум изгледа површно. Таа гласи:

„На скала од 1 до 5, оценете се себеси како софтверски инженер“.

Се чини како прилично едноставно прашање со еден одговор. Но начинот на кој го одговараат и мажите и жените може да го покаже нивниот успех во „Google“. Најдобриот одговор за мажите е 4, а за жените е 5. Разликата е во корените на начинот на кој мажите и жените се гледаат себеси.

„Мажите имаат тенденција да ги преценат своите способности, барем така покажува нашата хипотеза. Тие се помалку самосвесни во споредба со жените“, вели Бок. „А за мажите да кажат 4 е сигнал дека овој човек е малку повеќе самосвесен и дека можеби сфаќа дека треба нешто да научи, а тоа е позитивна корелација со успехот во компанијата“.

Бок нуди подобро објаснување зошто жените со повисока само-проценка имаат подобри перформанси.

„Ако сте жена, најпредвидливиот резултат беше пет од пет. Нашата хипотеза за тоа зошто е така е бидејќи постои поголем општествен притисок врз жените да бидат скромни и да чекаат се' додека не се сигурни за да дејствуваат - ако жената го каже бројот 5, таа веројатно има повисока емоционална интелигенција и социјална перцепција. И второ, таа ќе биде неверојатна!“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот