X
 17.06.2016 Технологија

Најново од Фејсбук!

Неделава дознавме дека корисниците на „Android“ може да ја користат апликацијата „Messenger“ за испраќање СМС, а вчера од компанијата „Facebook“ пристигнаа уште едни новости поврзани со истата апликација. Се работи за новиот изглед на „Messenger“.


Новата верзија од апликацијата ќе нуди повеќе од едноставна листа на најнови разговори. Тие ќе останат на врвот од екранот, но под нив ќе следува дел кој ги покажува омилените контакти, родендените на пријателите и дел кој покажува кој е вклучен на мрежата во моментот. Корисниците кои се вклучени во моментот ќе бидат обележани со зелена точка.

Кога станува збор за омилените контакти, тоа ќе бидат оние пријатели со кои најмногу разговарате преку мрежата.


Овие два нови делови се помошни додатоци, но делот за роденденот не е толку добро прифатен. Апликацијата „Facebook“ веќе испраќа известувања за родендените на нашите пријатели, а сега тоа ќе го има и во „Messenger“. Сите нови делови може да се пронајдат со копчето „Home“ лево од „Calls“, „Groups“, „People“ и „Me“.

Од компанијата велат дека промените имаат цел да им го олеснат користењето на апликацијата на корисниците, со цел полесно да започнат разговор.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија