X
 17.03.2016 Технологија

Запознајте го младиот хрватски пронаоѓач на паметни клупи

Младиот 20 годишен Иван Мрвош од Хрватска ја создал првата паметна клупа во Европа. За разлика од обичните, неговите клупи можат да полнат мобилни телефони и таблети, и да поврзуваат на интернет. Клупата се напојува со соларни панели, а навечер со светлина.

 

hrvat


Пред две години тој ја основал компанијата „Include“ која се занимава со производство и продажба на паметни клупи, а сега таа станува доста популарна. Понуди му пристигнуваат од Обединтетите Арапски Емирати, Норвешка, Германија, Швајцарија, а до Велигден ќе се пресели во нови простории и ќе вработи уште 14 луѓе.

„Градоначалникот на општината и сам бил во приватниот сектор, па знае за сите потешкотии со кои претприемачите се среќаваат, па така самоиницијативно ме повика и ми рече дека ми дава еден од 14-те празни простори кои ги има општината, а рече и дека самата општина ќе сноси дел од трошоците за уредување. Така добивме 50% од просторот на една зграда во која таванскиот простор ќе се користи за маркетинг и продажба, а приземјето како производствен капацитет“, вели Иван.

Компанијата моментално има 8 вработени, а оваа недела ќе се приклучат уште 8 нови вработени кои сите се инженери. После нив ќе се вработат уште 5-6 луѓе за производство, монтажа на клупите.

 

klupi


„Некои делови на клупата се изработуваат во друга компанија од Хрватска - гледаме тоа да се домашни компании па така соларните панели ги изработува компанија од Вараждин. Но, развојот и иновациите го работи нашата компанија бидејќи не развиваме само клупи туку и други работи, како што се соларни системи на згради; воглвно сме насочени кон висока технологија. Постојано се обидуваме да измислуваме нови работи“, вели Мрвош.

Иако има само 20 години, тој вели дека ова не го смета за голем успех туку само успешни чекори, и вели дека е далеку од успехот кој го замислил.

Иако скромен, 20 годишниот Иван благодарение на иновативноста, способноста и внимателноста може да се пофали со вистински успех. Оваа година очекува 14 милиони куни промет, а минатата година имале половина милион куни. Ова не изненадува, ако се земе во предвид дека веќе започнал да прима нарачки за новиот модел на клупа, кој ќе се испорачува во мај.

Неговите паметни клупи ќе бидат поставени во Примоштен, Сплит, Загреб и Белшиче, а доста интерес за клупите пројавиле и другите земји од странство.

„Подготвуваме неколку истражувања за различни држави како Германија и Саудиска Арабија. Што се однесува до странство, околу 80% од нашиот пазар во странство ќе бидат за Австрија, Германија, Швајцарија и Италија. Исто така голем интерес покажуваат и Норвешка и Катар.

„Но, најпрво излегуваме на пазарот во земји како Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Најголемиот проект моментално ни е во Тиват, Црна Гора - таму купени се веќе 4 клупи, но сега планираат нова туристичка населба и пристаниште со јахти па ќе купат повеќе клупи. Оваа година планираме да продадеме 800 клупи, а 50% од нив ќе бидат за странски пазар. Засега се` оди според планот. Инаку, паметните клупи повеќе не се само производ кој полни мобилни телефони, сега е покомплексен производ кој на купувачите им нуди широк спектар на можности. На новиот модел поставивме и екрани кои ќе имаат активиран маркетинг модул и на нив ќе може да се рекламираат различни компании и производи, а 50% од заработката од маркетингот ќе оди кај нас, па така планираме дополнителна заработка“, завршува Мрвош.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија