X
 29.06.2016 Технологија

Најголемата грешка на Apple по смртта на Стив Џобс

Која била најголемата грешка која ја направила компанијата „Apple“ по смртта на Стив Џобс? Тоа било прашањето поставено од повеќе корисници на „Quora“.


Претприемачот Раџан Бавнани го споделил неговиот одговор. Тој вели дека најголемата грешка на „Apple“ била поставувањето на Тим Кук како извршен директор.

„Не ме сфаќајте погрешно - ми се допаѓа и го почитувам Тим. Тој е паметен, успешен, го сакам неговиот став за шифрирањето, листата од добри нешта што може да ги кажам за Тим е долга“, вели Бавнани.

Проблемот е во тоа што тој бил одговорен за работата во улога на главен одговорен за стандардизирањето на процесите, намалувањето на трошоците, подобрувањето на носењето на производите итн. Ова се аналитички обврски и најчесто, луѓето кои го работеле ова не се добри извршни директори, смета Бавнани. На еден извршен директор му е потребна креативност и тој/таа треба да се фокусира на стратешките можности за развој и ширење и тие треба да ризикуваат умно при инвестирањето.


„Ми се допаѓа Тим - тој му помогна на Apple да направи некои работи што требаше да бидат направени“, додава тој.

Но, тој вели дека луѓето како Тим Кук на позиција наменета за луѓе како Стив Џобс ги потиснуваат креативците. Тој ги наведува боите на ајфонот како пример.


„Со Стив Џобс имавме црно и бело. Мислам дека овие бои го излудувале Тим. Повеќе години, црните или белите телефони излегуваа подоцна поради проблеми со производството“, вели Бавнани.

Што направил Тим во врска со ова? Тој ги оставил црната и белата и ги заменил со „вселенско сива“ и „сребрена“ боја кои се полесни за произведување.


„Тоа е како заменување на мал црн фустан со сив - можеби е поевтино, но не е истата работа. Никој не го принудува Тим да се соочува со креативниот хаос бидејќи нема никој над него да му каже дека црната и белата едноставно изгледаат подобро“, вели Бавнани.

Тоа треба да го стори извршниот директор кога ќе му биде кажано дека може да се заштеди со правење телефони во сива боја наместо црна и бела.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија